Instruction Manual

Table Of Contents
0478 906 9906 A - MK
104
2.2 Облека и опрема
При склопување, монтирање
и демонтирање на главата за
нагрнување, како и при
работи на елементите за
нагодување, секогаш треба да се носат
отпорни работни ракавици.
2.3 Транспорт
Пред транспортот на мотокултиваторот
(на пр. поместување, влечење,
подигнување), главата за нагрнување
треба да се демонтира и да се
транспортира одделно.
Главата за нагрнување се обезбедува
на товарната површина со помош на
помагала за прицврстување со
соодветна големина (сајла, ремен итн.).
Особено обрнете внимание на
напомените за транспорт во Упатството
за употреба на мотокултиваторот.
2.4 Пред употребата
Треба да се осигури дека секое лице,
коешто употребува мотокултиватор со
глава за нагрнување, ги познава
упатствата за употреба на
мотокултиваторот и на приборот.
Исто така, посебно запознајте се со
сите контролни елементи од приборот.
Главата за нагрнувањекако што е
опишано во ова Упатство за употреба
треба целосно и правилно да се
монтира на мотокултиваторот. (Ö 6.1)
Беспрекорната состојба на главата за
нагрнување и на мотокултиваторот
пред секоја употреба треба да се
испита со визуелна проверка. Пред
употребата, неисправните, како и
истрошените и оштетени делови,
мораат да се заменат.
Проверете ја внимателно површината
на којашто ќе се работи со апаратот и
отстранете ги големите камења,
трупците, коските и другите предмети
кои апаратот може да ги здроби.
Предметите кои се скриени во почвата
(прскалки за тревник, столпчиња,
вентили за вода, темели, електрични
водови и сл.) пред работењето со
апаратот мора јасно да се означат и да
се заобиколат. Никогаш не поминувајте
преку овие туѓи предмети.
2.5 За време на работењето
Постојано треба да се внимава на
доволното растојание на стапалата и
нозете кон мотокултиваторот и
монтираната глава за нагрнување.
Посебна претпазливост се препорачува
кога се користи рикверц.
Патеките или другите цврсти подлоги со
железни тркала треба да се поминуваат
само многу бавно и со исклучителна
претпазливост. Брзината на вртењето
на железните тркала се регулира со
рачката за штелување на гасотсе
поставува најмалиот број на вртежи на
моторот со внатрешно согорување
(погледнете го Упатството за употреба
на мотокултиваторот).
4.1 Главата за нагрнување
AHK 701 се склопува
Држачот (F), како што е
покажано на сликата, се става во
водилката на главата за
нагрнување (E).
●Шрафот(G) се протнува низ
отворите на главата за
нагрнување (E) и низ отворот на
држачот (F). Навртката (H) се
навртува и се затегнува.
3. Обем на испорака
Поз. Опис Кол.
A Клин 1
B Адаптер 1
C Расцепка 1
D Клин со стега 1
Упатство за употреба 1
AHK 701:
E Глава за нагрнување 1
F Држач 1
G Шраф 1
H Навртка 1
AHK 702:
I Глава за нагрнување 1
4. Оспособување на уредот
за работа
2
3