Operation Manual

Машината треба да се конзервира на суво место, 
засолнето од надворешните временски прилики со 
правилно поставена заштита.
ПОДОЛГО НЕКОРИСТЕЊЕ
ВАЖНО
Ако се предвидува неко
ристење на машината повеќе од 2  3 месеци, треба
да се применат неколку решенија за да се избегнат
потешкотии при обновување на работата или трајни
оштетувања на моторот.
•  Чување
Пред одлагање на машината:
–  Испразнете го резервоарот за гориво.
–  Вклучете го моторот и одржувајте го во ми ни ма-
лен режим на работа  се’  додека  не  се  изгасне, 
за да го потроши целото гориво што останало во 
карбураторот.
–  Оставете  да  се  излади  моторот  и  извадете  ја 
свеќичката.
–  Истурете  врз  отворот  на  свеќичката  една  ла
-
жичка некористено масло.
–  Повлечете ја неколку пати рачката за палење за 
да го дистрибуирате маслото во цилиндерот.
–  Поставете  ја  свеќичката  со  навртката  на  нај го-
рна та  можна  точка  (да  е  видливо  низ  отворот 
за  свеќичката  кога  навртката  е  на  најгорната 
позиција).
•  Обновување на работата
Во моментот кога машината треба да се  стави во 
функција:
–  Извадете ја свеќичката.
–  Повлечете ја неколку пати рачката за палење за 
да се елиминира вишок масло.
–  Проверете ја свеќичката како што е посочено во 
поглавје “Контрола на свеќичката“.
–  Поставете  ја  машината  како  што  е  посочено  во 
поглавје “Подготовка за работа“.
Острењето треба да  се изведе водејќи сметка  за 
типот на  ножот  и  за  видот  острење  со  помош  на 
рамна турпија и во еднаков режим за сите точки.
Референците за правилно острење се посочени на 
сл. 20:
  А = Погрешно острење
  Б = Лимити на острење
  В = Погрешни и неедвакви закосувања
Многу е важно по острењето да се задржи прави лна 
рамнотежа.
Ножевите со 3 запци се користат од обете страни. 
Кога едната страна на запците ќе се затапи, ножот 
може да се сврти и да се користи другата страна 
на запците.
ВНИМАНИЕ!
Ножот никогаш не смее да
се поправа туку мора да се замени штом ќе се
забележат зачетоци на оштетување или кога ќе
се достигне дозволениот лимит за острење.
ЗАМЕНА НА КОНЕЦОТ НА МАКАРАТА (сл. 21)
–  Следете  го  редоследот  што  е  посочен  на 
сликата.
ОСТРЕЊЕ НА МАКАЗИТЕ ЗА СЕЧЕЊЕ
НА КОНЕЦОТ (сл. 22)
–  Извадете ги маказите за сечење на конецот (1) 
од заштитата (2) одвртувајќи ги шрафовите (3).
–  Фиксирајте ги маказите за сечење на конецот на 
менгеме и почнете да острите со пошош на рамна 
турпија обрнувајќи внимание да се одржува аго
-
лот на оригиналната закосеност.
–  Поставете ги маказите врз заштитата.
ВОНРЕДНИ ИНТЕРВЕНЦИИ
Секоја операција на одржување што не е вклучена 
во ова упатство треба да се изведе исклучиво кај 
вашиот застапник.
Сите  операции  што  се  изведени  на  несоодветен 
начин и од неквалификувани лица придонесуваат 
да се изгуби секоја форма на гаранција.
КОНЗЕРВАЦИЈА
На крајот на секоја работа, исчистете ја машината 
детално од прав и остатоци при работа, поправете 
ги или заменете ги сите дефектни делови.
ОДРЖУВАЊЕ И КОНЗЕРВАЦИЈА 257
MK