User manual

95
Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти
(особено отворите за ладење)
- чистете ја машината со влажна крпа (не користете
средства за чистење или растворувачи)
- исчистете ги сечивото за сечење на конецот K 2 и
штитникот D 2 по секоја употреба
- чистете ги отворите за вентилација M 2 редовно,
со четка или компресиран воздух
Редовно проверувајте ја состојбата на главата за
сечење и затегнатоста на завртките, навртките и
шрафовите
Редовно проверувајте дали деловите се оштетени
или изабени и поправете/заменете ги ако е
неопходно
Чување &
- чувајте ја машината во затворен простор на суво
и затворено место и подалеку од дофат на деца
- внимателно поставете ја шината за складирање N
на ѕид со 4 шрафа (не се доставуваат) и
порамнете хоризонтално
Доколку алатот и покрај внимателното работење и
контрола некогаш откаже, поправката мора да ја
изврши некој овластен SKIL сервис за електрични
алати
- во случај на примедба, испратете го алатот
нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до
вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис
(адресите се наведени на www.skil.com)
РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ
Следниот список ги прикажува симптомите за
проблемите, можните причини и дејства за поправка
(контактирајте со продавачот или сервисерот ако
истите не го идентификуваат ниту решаваат
проблемот)
! исклучете ја машината и извадете го
приклучокот пред да го истражувате
проблемот
Машината не работи
- расипан штекер за напојување со ел. енергија ->
користете друг штекер
- продолжниот кабел е оштетен -> заменете го
продолжниот кабел
Машината работи со прекини
- оштетување на внатрешното поврзување ->
контактирајте со продавачот/ сервисерот
- оштетување на прекинувачот за вклучување/
исклучување -> контактирајте со продавачот/
сервисерот
Машината вибрира невообичаено
- тревата е многу висока -> сечете по фази
Машината не сече
- конецот е прекраток/скинат -> подајте конец
рачно
Конецот не се подава
- калемот е празен -> заменете го калемот
- конецот е заплеткан во калемот -> проверете го
калемот; намотајте го ако е неопходно
Конецот не се пресече на точната должина ->
извадете го капакот од сечивото
Конецот постојано се кине
- конецот е заплеткан во калемот -> проверете го
калемот; намотајте го ако е неопходно
- поткаструвачот се користи неправилно ->
кастрете само со врвот на конецот; избегнувајте
камења, ѕидови и други цврсти предмети;
подавајте конец редовно
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА
СРЕДИНА
Не се ослободувајте од електични алати, уреди
или амбалажа преку нивно фрлање во
домашното ѓубре (само за земјите на ЕУ)
- според Европската Директива 2012/19/EC за
ослободување од електрична и електронска
опрема и нејзина имплементација во согласност
со националните закони, електричните алати кои
го достигнале крајот на својот животен век мора
да бидат собрани посебно и да бидат вратени во
соодветен објект за рециклирање
- симболот 9 ќе ве потсетува на ова кога ќе дојде
време алатот да го фрлите
БУЧАВА / ВИБРАЦИИ
Мерено во согласност со EN 60335 нивото на звучен
притисок е 84,3 dB(A) (несигурност К = 2,5 dB) а
нивото на звучна моќност 92,3 dB(A) (несигурност К
= 0,9 dB), и вибрација 4,9 м/с² (векторски збир на
трите показатели; несигурност К = 1,5 м/с²)
Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено
на задниот дел на ова упатство е измерено во
согласност со стандардизираниот тест даден во EN
60335; може да се користи за да се спореди еден
алат со друг, и како првична оценка за изложеноста
на вибрации кога се користи алатот за споменатите
примени
- користењето на алатот за разни примени, или со
различни или неправилно чувани делови, може да
доведе до значајно зголемување на нивото на
изложеност
- кога алатот е исклучен или кога алатот е вклучен
но не врши некаква работа, може да дојде до
значително намалување на нивото а изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите
преку одржување на алатот и неговите
делови, одржување на топлината во вашите
раце, и организирање на вашата работа
Prerëse bari 0732
HYRJE
Kjo vegël është e projektuar për prerjen e barit dhe
barërave të këqija poshtë shkurreve, si dhe në pjerrësi
dhe anë që nuk mund të arrihen me kositësen e barit
Kjo vegël nuk është e projektuar për përdorim profesional
Kontrolloni nëse paketimi përfshin të gjitha pjesët siç janë
të ilustruara në skicë 2
Kur pjesët mungojnë ose janë të dëmtuara, ju lutemi
kontaktoni me shitësin