Instruction manual
129
на електричните алати за други цели кои не се
предвидени, може да предизвика опасни ситуации.
5)
a)
За апаратот за полнење кој е
соодветен за определен вид на акумулатори, постои
опасност од пожар, доколку се употребува со други
акумулатори.
b)
Користењето на друг вид на батерии може да
доведе до ризик од повреда или пожар.
c)
Краткиот спој кај батериите може да
предизвика изгореници или пожар.
d)
Течноста која
може да излезе од акумулаторот може да доведе до
надразнување на кожата и изгореници.
6)
a)
На тој начин ќе се обезбеди уредот да
остане со зачувана безбедност.
Запознајте се со контролите и со правилната
употреба на косилката
Корисникот е одговорен за несреќните случаи или
штетите што ќе се предизвикаат кај други лица или
на нивниот имот
Користете ја машината само ако температурата на
воздухот е меѓу 0°C и 40°C
Никогаш не поставувајте елементи за сечење метал
на оваа машина
Овој алат е наменет за употреба за лица
(вклучувајќи и деца) со намалени физички,
сензорски или ментални способности или со помало
искуство и знаење, и доколку лицето задолжено за
нивна безбедност не им даде соодветна помош и
упатство за за тоа како да се користи алатот
Обезбедете децата да не си играат со алатот
Никогаш не дозволувајте деца или други лица
коишто не ги знаат упатствата за работа да ја
користат машината
Држете ги рацете и стапалата подалеку од сечивото
при поткастрување, особено кога ја вклучувате
машината
Секогаш носете заштита за очите, долги пантолони
и цврсти чевли кога работите со машината
Никогаш не работете со машината во непосредна
близина на луѓе; престанете да работите со неа
ако во близина има други лица (особено деца) или
галеничиња
Никогаш не работете со машината ако сте уморни,
болни или под влијание на алкохол или лекарства
Секогаш проверувајте го напонот на плочката со
податоци за типот на полначот
Користете ја машината само на дневно светло или
со соодветно вештачко осветлување
Проверувајте ја функционалноста на машината
пред секоја употреба и во случај на удар, повикајте
квалификувано лице да ја поправи (никогаш не
отворајте ја машината сами)
Пред употреба, темелно проверете ја областа за
сечење и остранете ги сите предмети што машината
може да ги отфрли при сечењето (како камења,
паднати гранки и сл.)
Никогаш не работете со машината ако е оштетен
штитникот при косење или без поставен штитник
Не сечете трева што не е на тлото (на пр. на ѕидови
или карпи)
Не поминувајте патишта или плочници кога работи
машината
Не дозволувајте нешто да ви го одвлече вниманиете
и секогаш концентрирајте се на работата
Секогаш вадете ја батеријата од машината
- кога косилката ја оставате без надзор
- пред чистење заглавен материјал
- пред проверка, чистење или работа на косилката
- ако удрите во стран предмет
- секогаш кога косилката ќе вибрира невообичаено
Секогаш одржувајте ги отворите за вентилација
чисти и без отпадоци
Чувајте ја машината на суво и
затворено место и подалеку од дофат на деца
Батеријата полнете ја исклучиво со испорачаниот
полнач
Не ги допирајте контактите во полначот
Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
Кога ја полните батеријата, ставете го полначот
на рамна и незапалива површина и подалеку од
запалив материјал
Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата
во просторија на температура пониска од 40°C и
повисока од 0°C
Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за
таа цел треба да се предаде апаратот и полначот во
овластениот SKIL сервис
Полначот не треба понатаму да се користи ако е
оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш
да се замени кабелот во овластен SKIL сервис или
мрежната приклучница
Оштетената батерија не треба понатаму да се
користи туку веднаш да се замени
Никогаш не ги расклопувајте ниту заменувајте
полначот или батеријата
Не се обидувајте со полначот да ги полните
батериите што не се предвидени за полнење