SM-G928F Упатство за корисникот Macedonian. 12/2016. Rev.1.1 www.samsung.
Содржина Основни информации 4 Најпрво, прочитајте го ова 5 Содржина на пакетот 6 Изглед на уредот 8 Батерија 14 SIM или USIM-картичка 16 Вклучување и исклучување на уредот 16 Екран на допир 20 Почетен екран 27 Заклучување на екранот 28 Рабен екран 36 Панел за известувања 40 Внесување текст 42 Слика на екран 43 Отворање апликации 43 Повеќе прозорци 48 Префрлување податоци од Вашиот претходен уред 50 Уред и управување со податоци 53 Поврзување со телевизор 55 Споделување ф
Содржина 127 NFC и плаќање 130 Повеќе поставки за поврзување 132 Звуци и известувања 133 Екран 133 Рабен екран 134 Движења и гестови 135 Апликации 135 Заднина 135 Теми 136 Екран за закл.
Основни информации Најпрво, прочитајте го ова Ве молиме внимателно прочитајте го ова упатство пред да го користите уредот за да се осигурате за неговата безбедна и правилна употреба. • Описите се засновани на стандардните нагодувања на уредот. • Некои содржини може да се разликуваат од Вашиот уред во зависност од регионот, операторот, спецификациите на модел или софтверот на уредот.
Основни информации • Во зависност од регионот или моделот, некои уреди треба да добијат одобрение од Федералната комисија за комуникации (FCC). Доколку Вашиот уред е одобрен од FCC, можете да ја видите ознаката на одобрението за него (FCC ID). За да ја видите ознаката на одобрението (FCC ID), допрете Апликац. → Опции → За уредот → Информации за батеријата.
Основни информации Изглед на уредот Лежиште на SIM-картичка Звучник LED-индикатор Предна камера Сензор за близина/светлина Екран на допир Копче за вклучување/исклучување Раб на екран Раб на екран Копче Дома (Сензор за препознавање отпечатоци) Копче за неодамнешни апликации Копче за Назад Приклучок за слушалки Звучник Микрофон Повеќенаменски приклучок Микрофон GPS-антена Блиц Задна камера Копче за јачина на тон Антена за NFC/Калем за безжично полнење Главна антена 6
Основни информации • Не покривајте ја антената со Вашите раце или други предмети. Тоа може да предизвика проблеми во поврзувањето или да ја потроши батеријата. • Се препорачува користење заштитник на екран одобрен од Samsung. Неодобрените заштитници на екран може да предизвикаат неправилна работа на сензорите. • Не дозволувајте екранот на допир да дојде во контакт со вода. Екранот на допир може да функционира неисправно во влажни услови или кога е изложен на вода.
Основни информации Батерија Полнење на батеријата Наполнете ја батеријата пред да ја употребите првпат, или кога не сте ја користеле подолг период. Користете само полначи, батерии и кабли што се одобрени од Samsung. Неодобрените полначи или кабли, може да предизвикаат експлозија на батеријата или оштетување на уредот. 1 Поврзете го USB кабелот со USB адаптерот за напојување и потоа вклучете го крајот на USB кабелот во повеќенаменскиот приклучок.
Основни информации 3 Откако целосно ќе се наполни, исклучете го уредот од полначот. Прво откачете го полначот од уредот, а потоа откачете го од електричниот приклучок. За штедење енергија, исклучете го полначот кога не е во употреба. Полначот нема прекинувач за вклучување/исклучување и затоа мора да го исклучите полначот од електричниот приклучок кога не е во употреба, за да избегнете непотребно трошење електрична енергија.
Основни информации Совети и предупредувања за полнењето на батерија • Кога енергијата на батеријата е на ниско ниво, иконата за батеријата се прикажува празна. • Ако батеријата е целосно испразнета, уредот не може да се вклучи веднаш кога ќе се поврзе полначот. Оставете ја целосно празната батерија да се наполни неколку минути пред да го вклучите уредот. • Ако користите повеќе апликации истовремено, мрежни апликации или апликации што бараат поврзување со друг уред, батеријата брзо ќе се испразни.
Основни информации Брзо полнење Уредот има вградена одлика за брзо полнење. Можете да ја користите оваа одлика за побрзо полнење на батеријата, додека уредот или неговиот екран се исклучени. За брзо полнење • Брзото полнење користи технологија што ја полни батеријата побрзо преку зголемување на способноста за полнење. Уредот ја поддржува одликата на Samsung за Адаптибилно брзо полнење и Qualcomm Quick Charge 2.0.
Основни информации Безжично полнење Уредот има вграден калем за безжично полнење. Можете да ја полните батеријата користејќи безжичен полнач (се продава одделно). Брзо безжично полнење Можете да го полнете Вашиот уред побрзо користејќи ја одликата брзо безжично полнење. За да ја користите оваа одлика, мора да користите полнач и компоненти што ја поддржуваат одликата брзо безжично полнење. Вентилаторот во внатрешноста на полначот може да бучи во текот на безжичното полнење.
Основни информации 2 Откако целосно ќе се наполни, исклучете го уредот од безжичниот полнач. • Кога меѓу уредот и безжичниот полнач постојат разни материјали, уредот може да се полни прописно. • Ако го користите безжичниот полнач во области со слаби мрежни сигнали, можно е да го губите мрежниот прием. • Користете безжични полначи одобрени од Samsung. Ако користите други безжични полначи, можно е батеријата да не се полни прописно.
Основни информации SIM или USIM-картичка Инсталирање SIM или USIM-картичка Вметнете ја SIM или USIM-картичката добиена од Вашиот мобилен оператор. • Само nano-SIM картички работат со овој уред. • Некои услуги LTE може да не бидат достапни во зависност од операторот. За повеќе информации за достапноста на услугата, контактирајте со Вашиот оператор. 1 1 3 2 4 Внесете ја иглата за исфрлање во дупката на лежиштето на SIM-картичката за да го олабавите лежиштето.
Основни информации 3 Ставете ја SIM или USIM-картичката во лежиштето на SIM-картичка со позлатените контакти свртени надолу. Внимавајте да не ја изгубите, или не дозволувајте други да ја користат SIM или USIM-картичката. Samsung не е одговорен за никакви штети или неправилности предизвикани од изгубени или украдени картички. 4 Вратете го лежиштето на SIM-картичка назад во отворот на лежиштето на SIM-картичка.
Основни информации Вклучување и исклучување на уредот Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување неколку секунди за да го вклучите уредот. Кога го вклучувате уредот првпат или откако сте извеле ресетирање на податоци, следете ги упатствата на екранот за да го поставите Вашиот уред. За да го исклучите уредот, држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување и потоа допрете Исклучување.
Основни информации Допирање За да отворите апликација, да изберете ставка од мени, да притиснете копче на екранот, или за да внесете знак со помош на тастатурата на екранот, допрете го со Вашиот прст. Допирање и задржување Држете допрено една ставка на екранот подолго од 2 секунди за пристап до достапните опции.
Основни информации Влечење За преместување ставка, држете ја допрено задржете и одвлечете ја до целната позиција. Двојно допирање Допрете двојно на интернет-страница или слика за зумирање. Повторно допрете двојно за да се вратите назад.
Основни информации Лизгање Поминете со прстот налево или надесно на почетниот екран или на екранот со апликации за да прикажете други панели. Лизгајте нагоре или надолу за листање низ интернет-страница или список со ставки, како на пример контакти. Ширење и спојување Раздалечувајте два прста на интернет-страница, мапа или слика за зумирање во делот. Спојте ги брзо за одзумирање.
Основни информации Почетен екран Почетен екран Почетниот екран е почетната точка за пристап во сите одлики на уредот. Прикажува виџети, кратенки до апликации и др. За да прикажете други панели, поминете со прстот налево или надесно. Почетниот екран може да изгледа различно во зависност од регионот или операторот.
Основни информации Опции на почетен екран На почетниот екран, задржете допрено некоја празна област или спојте ги прстите на екранот за да пристапите во достапните опции. Прилагодете го почетниот екран со додавање, бришење или прераспоредување на панели на почетен екран. Исто така, можете да поставите тапет на почетен екран, да додавате виџети на почетен екран и друго. • Заднини: Изменете ги нагодувања на тапет за почетниот екран и заклучениот екран. • Виџети: Додадете виџети на почетниот екран.
Основни информации Краток преглед на Flipboard Прикажете ги најновите статии во разни категории. Можете да бидете во тек со вестите што Ве интересираат користејќи ја оваа одлика. На почетниот екран, поминете со прстот надесно за да го отворите Краткиот преглед на Flipboard. Поминете со прстот нагоре или надолу за да ги прелистате написите во секоја категорија на вести. Ако оваа одлика не е активирана, допрете и задржете една празна област на почетниот екран.
Основни информации Креирање папки 1 На почетниот екран, допрете и задржете една апликација и потоа одвлечете ја преку друга апликација. 2 Испуштете ја апликацијата кога околу апликациите ќе се појави рамка на папка. 3 Допрете Внесете име за папката и внесете име на папка. Ќе се креира нова папка што ќе ги содржи избраните апликации. За да ја измените бојата на папка, допрете . За да додадете повеќе апликации во папката, допрете и задржете друга апликација и потоа одвлечете ја во папката.
Основни информации Управување со панели На почетниот екран, задржете допрено една празна област за да додадете, пренесете или отстраните еден панел. За да додадете панел, лизгајте налево и потоа допрете . За да преместите панел, задржете допрено преглед на панел и потоа одвлечете го во нова локација. За да отстраните панел, допрете и задржете го прегледот на панел и потоа одвлечете го во Отстрани во горниот дел од екранот. За да поставите панел како главен почетен екран, допрете .
Основни информации 3 Испуштете ја апликацијата кога околу апликациите ќе се појави рамка на папка. Ќе се креира нова папка што ќе ги содржи избраните апликации. Eкранот со апликации може да изгледа различно во зависност од регионот или операторот. 4 Допрете Внесете име за папката и внесете име на папка. За да ја измените бојата на папка, допрете . За да додадете повеќе апликации во папката, допрете и задржете друга апликација и потоа одвлечете ја во папката. За да избришете папка, изберете папка со .
Основни информации Икони на индикатор На статусната лента во горниот дел на екранот се покажуваат иконите на индикатор. Во долната табела се наведени најчестите икони. Можно е статусната лента да не се појавува во горниот дел на екранот во некои апликации. За да ја прикажете статусната лента, влечете надолу од горниот дел на екранот.
Основни информации Заклучување на екранот Со притискање на копчето за вклучување/исклучување се исклучува екранот и се заклучува. Исто така, екранот се исклучува и автоматски се заклучува ако уредот не се употребува одреден период. За да го искучите екранот, притиснете го копчето за вклучување/исклучување или копчето Дома и лизгајте во кој било правец. Можете да го измените начинот на кој го заклучувате екранот за да спречите други да пристапуваат до Вашите лични информации.
Основни информации Отпечатоци на прсти Регистрирајте ги Вашите отпечатоци од прсти за да го отклучувате екранот. Осврнете се на Препознавање отпечаток од прст за повеќе информации. Рабен екран Вовед Работ на екран ви овозможува лесно да комуницирате со Вашите омилени контакти користејќи ги обоените картички. Можете да ги стартувате Вашите омилени апликации преку кратенки и да прикажувате информации, како новини и предупредувања за пораки, без да го вклучувате екранот.
Основни информации Рабно осветлување Раб на екран се осветлува кога добивате повик или известување, додека екранот на уредот е завртен надолу. На екранот со апликации, допрете Опции → Рабен екран → Рабно осветлување и потоа допрете го копчето за да го активирате. Ако ја активирате одликата Раб за луѓе, Раб на екран ќе се вклучи со назначена боја кога ќе добиете повик или известување од Вашите приоритетни контакти. Осврнете се на Раб за луѓе за активирање на одликата Раб за луѓе.
Основни информации Раб за луѓе Раб на екран може да прикажува картичка со назначена боја кога имате пропуштено известување од приоритетен контакт. На екранот со апликации, допрете Опции → Рабен екран → Раб за луѓе и потоа допрете го копчето за да го активирате. Додавање контакти во Мои луѓе Додадете често користени контакти во списокот Мои луѓе и поставете ги како Ваши приоритетни контакти. Во списокот Мои луѓе можете да додадете само контакти што се зачувани во Контакти.
Основни информации Прикажување на пропуштени известувања од Мои луѓе Кога имате пропуштено известување од контакт од Мои луѓе, на Раб на екран ќе се појави картичка со назначената боја на контактот. Влечете ја картичката кон центарот на екранот за да ги прикажете деталите. Можете директно да му одговорите на контактот, допирајќи една од опциите за комуникација. Кога екранот е исклучен, ќе добиете предупредување за известување од Мои луѓе штом → Раб за луѓе и потоа ќе го подигнете уредот.
Основни информации Контактирање со Мои луѓе Отворете го списокот Мои луѓе и допрете еден контакт. На екранот ќе се појавата копчињата за комуникација. Допрете го саканото копче за да извршите повик, да пратите порака или да му испратите на контактот е-пошта. Раб на апликациите Стартувајте брзо често користени апликации од Раб на екран. На екранот со апликации, допрете Опции → Рабен екран → Раб на апликациите и потоа допрете го копчето за да го активирате.
Основни информации Проток на информации На Раб на екран може да се прикажуваат новини во вистинско време, предупредувања за пораки и други информации што ќе поставите кога екранот е исклучен. Поставување постојан тек на информации Поставете информации што ќе се прикажуваат на Раб на екран. 1 2 3 На екранот со апликации, допрете Опции → Рабен екран. Допрете Проток на информации и допрете го копчето за да го активирате. Допрете Уреди канали и штиклирајте ставки што ќе се прикажуваат.
Основни информации 2 На Раб на екран, поминете со прстот налево или надесно за да го прикажете постојаниот тек на информации. Раб на екран се исклучува ако уредот не се употребува одреден период. За да го измените нагодувањето за времето за исклучување на Раб на екран, отворете го екранот со апликации и допрете Опции → Рабен екран → Проток на информации → Гасење на Рабниот екран. Ноќен часовник Задржете го часовникот на Раб на екран активен за да го прикажувате во текот на ноќта.
Основни информации Нагодувања на Раб на екран Поставување на позицијата на Раб на екран Изберете го левиот или десниот Раб на екран за да го активирате согласно Вашата желба. На екранот со апликации, допрете Опции → Рабен екран → Положба на Рабниот екран → Страна на Рабниот екран и потоа изберете страна. Нагодување на опцијата за рачка Можете да изберете рачката на Раб на екран да се прикажува на почетниот екран и на заклучениот екран, или пак на сите екрани.
Основни информации Избирање ставки за известување Изберете ставки за да добивате известувања на Раб на екран преку обојување на светло и обоени картички додека екранот на уредот е свртен надолу. На екранот со апликации, допрете Опции → Рабен екран → Бирање известувања и потоа изберете ставки. Панел за известувања Користење на панелот за известување Кога добивате нови известувања, како пораки или пропуштени повици, иконата на индикаторот се појавува на статусната лента.
Основни информации Можете да ги употребите следниве функции на панелот за известување. Управувајте со копчињата за брзо нагодување. Копчиња за брзо нагодување Стартување Опции. Прилагодете ја светлината. Стартување на S Finder. Стартување Брзо поврзување. Допрете известување и изведете разни дејства. Исчистете ги сите известувања. Можете да ја сокриете S Finder и Брзо поврзување користејќи го менито за уредување во панелот за известувања.
Основни информации Поставување категории за пребарување Можете да поставите категории за пребарување за да пребарувате содржина во специфични полиња за пребарување. Допрете ПОВЕЌЕ → Бирање локации за пребар. и изберете категории. Брзо поврзување Пребарувајте автоматски блиски уреди и поврзувајте се брзо со нив. • Ако уредот кој сакате да го поврзете не ја поддржува одликата Quick connect, активирајте ја неговата одлика Wi-Fi Direct пред да ја стартувате Брзо поврзување на Вашиот уред.
Основни информации Споделување содржина Споделете содржина со поврзаните уреди. 1 2 3 4 Отворете го панелот за известување и допрете Брзо поврзување. Изберете уред од списокот со детектирани уреди. Допрете Сподели содржини и изберете категорија на медиум. Следете ги упатствата на екранот за да испратите содржина кај поврзаниот уред. Следните чекори може да се разликуваат во зависност од избраната категорија на медиум.
Основни информации Внесување текст Распоред на тастатура Кога внесувате текст за да испратите порака, кога креирате белешки и др., тастатурата се појавува автоматски. Внесувањето текст не поддржува одредени јазици. За внесување текст, треба да го измените работниот јазик на еден од поддржаните јазици. Внесувајте големи букви. За сите букви да бидат големи, допрете два пати. Избришете го претходниот знак. Внесете интерпункциски знаци. Започнете нов ред. Променете ги нагодувањата за тастатура.
Основни информации Дополнителни функции на тастатура Задржете допрено за да ги употребувате разните функции. Може да се појавуваат други икони наместо иконата во зависност од последната функција која се користела. • : Внесување текст преку говор. Започнете или паузирајте со внесување текст преку говор. Отворете ја тастатурата. • : Додајте ставка од клип-таблата. • : Внесете емотикони. • : Променете ги нагодувањата за тастатура. Копирање и пресликување 1 2 3 4 Задржете допрено преку текст.
Основни информации Речник Побарајте дефиниции за зборови користејќи одредени одлики, како кога прелистувате интернет-страници. 1 Допрете и задржете преку еден збор што сакате да го побарате. 2 Допрете Речник во списокот со опции. 3 Прикажете ги дефинициите во скокачкиот прозорец на речникот. Ако зборот што сакате да го побарате не е избран, влечете саканиот текст. или Ако на уредот не постои претходно инсталиран речник, допрете преземете.
Основни информации Отворање апликации На почетниот екран или на екранот со апликации, изберете икона на апликација за да ја отворите. За да отворите апликација од списокот со апликации што сте ги користеле неодамна, допрете и изберете еден прозорец на неодамнешна апликација. Затворање апликација Допрете и влечете го налево или надесно прозорецот на некоја неодамнешна апликација за да ја затворите. За да ги затворите сите активни апликации, допрете ЗАТВОРИ ГИ СИТЕ.
Основни информации Приказ на поделен екран 1 2 Допрете за да се отвори списокот со неодамнешни апликации. Поминете со прстот нагоре или надолу и допрете апликација. на прозорецот на неодамнешна Избраната апликација ќе стартува во горниот прозорец. 3 Поминете со прстот налево или надесно за да изберете друга апликација што ќе ја стартувате. Исто така, можете да го стартувате приказот на поделен екран со допирање и задржување на .
Основни информации Користење дополнителните опции Кога користите апликации во приказот на поделен приказ, изберете еден прозорец на апликација и допрете го кругот помеѓу прозорците на апликацијата за да пристапите во следните опции: • • : Префрлајте се во локациите помеѓу прозорците на апликациите. : Влечете и испуштајте текст или ископирани слики од еден прозорец во друг. Допрете и задржете една ставка во избраниот прозорец и влечете ја на локација во друг прозорец.
Основни информации Прилагодување на големината на прозорецот Повлечете го кругот помеѓу прозорците на апликациите нагоре или надолу за прилагодување на големината на прозорците. Скокачки приказ 1 2 На екранот со апликации, стартувајте една апликација што ќе ја користите во скокачкиот приказ. Влечете надолу дијагонално или од долната или од горната ивица. Екранот на апликацијата ќе се појави во скокачки приказ. Влечете и отпуштајте содржина. Минимизирајте го прозорецот. Затворете ја апликацијата.
Основни информации Преместување на скокачки прозорци За да преместите еден скокачки прозорец, допрете го и задржете го кругот на еден прозорец и одвлечете го во нова локација. Стартување на скокачки приказ од приказот на споделен екран 1 2 Во приказот на споделен екран, допрете прозорец на апликација за да ја стартувате во скокачки приказ. Допрете и задржете го кругот помеѓу прозорците на апликации. Избраната апликација ќе стартува во скокачки прозорец.
Основни информации Префрлување податоци од Вашиот претходен уред Можете да префрлете податоци од претходниот уред на Вашиот нов уред преку Samsung Smart Switch. Достапни се следните верзии од Samsung Smart Switch. • Верзија за мобилни уреди: Префрлување податоци помеѓу мобилни уреди. Апликацијата можете да ја преземете од Galaxy Apps или Play Store. • Верзија за компјутери: Пренос на податоци помеѓу Вашиот уред и компјутер. Можете да ја преземете апликацијата од www.samsung.com/smartswitch.
Основни информации 4 5 На Вашиот нов уред, изберете го претходниот вид на уред од списокот и допрете Почни. Следете ги упатствата на екранот за да пренесете податоци од Вашиот претходен уред. Префрлање презервна копија податоци од компјутер Направете резервна копија од Вашиот претходен уред на компјутер и увезете ги податоците на Вашиот нов уред. 1 2 На компјутерот, посетете ја www.samsung.com/smartswitch за да ја преземете Smart Switch. На компјутерот, стартувајте ја Smart Switch.
Основни информации 5 6 Поврзете го Вашиот нов уред со компјутерот преку USB кабелот. На компјутерот, следете ги упатствата на екранот на компјутерот за да префрлите податоци на Вашиот нов уред. Уред и управување со податоци Користење на уредот како пренослив диск за префрлање податоци Пренесувајте аудио-записи, видео-записи, слики и други видови фајлови од уредот на компјутер или обратно. Не исклучувајте го USB-кабелот од уредот кога пренесувате фајлови.
Основни информации Ажурирање на уредот Уредот може да се ажурира со најновиот софтвер. Безжично ажурирање Уредот може директно да се ажурира со најновиот софтвер преку фирмвер-сервисот FOTA (фирмвер безжична надградба). На екранот со апликации, допрете Опции → За уредот → Ажурирање софтвер → Ажурирај сега. За автоматска проверка за достапни ажурирања, допрете го копчето Автоматско ажурирање за да го активирате.
Основни информации Правење резервна копија и обновување податоци Чувајте ги безбедни Вашите лични информации, податоци од апликации и нагодувања на уредот. Можете да направите резервна копија од Вашите чувствителни информации на сметка за резервни копии и да пристапувате до неа подоцна. Мора да се најавите на Вашата сметка Google или Samsung за да направите резервна копија или да обновите податоци. Осврнете се на Сметки за повеќе информации.
Основни информации Изведба на ресетирање на податоци Избришете ги сите нагодувања и податоци на уредот. Пред да извршите ресетирање на фабричките вредности, обезбедете дека сте направиле резервни копии од сите важни податоци зачувани на уредот. Осврнете се на Правење резервна копија и обновување податоци за повеќе информации. На екранот со апликации, допрете Опции → Резервна копија и ресетирање → Ресетирање на фабричките нагодувања → РЕСЕТИРАЈ УРЕД → ИЗБРИШИ СÈ. Уредот ќе се рестартира автоматски.
Основни информации Споделување екран Можете да го пресликате екранот на Вашиот уред на телевизорот или обратно. Пресликување на екранот на Вашиот уред на телевизорот Кога Вашиот уред ќе го препознае регистрираниот телевизор додека гледате видео-запис, на уредот ќе се појави иконата . Допрете ја иконата за да го пренесете видео-записот од Вашиот уред на Вашиот телевизор.
Основни информации 2 3 Изберете го регистрираниот телевизор. Допрете Известување на ТВ и поставете време и датум за користење на одликата Краток преглед на телевизор. Времето, временската прогноза и програмата ќе се прикажат на десната страна на телевизискиот екран во претходно поставеното време. Споделување фајлови со контакти Споделувајте фајлови со Вашите контакти користејќи ја едноставната одлика за споделување. Следните дејства се пример за споделување слики.
Основни информации Итен режим Режимот за итни случаи го менува екранот во сиви тонови, за да се намали потрошувачката на батерија. Некои апликации и функции ќе бидат ограничени. Во режим за итни случаи можете да вршите итни повици, да ја праќате кај други Вашата тековна локација, да огласите аларм за итен случај и друго. Држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување и потоа допрете Итен режим. Пристапете до дополнителни опции. Вклучете го блицот. Звучни аларми. Воспоставување повик.
Апликации Инсталирање или деинсталирање апликации Galaxy Apps Купете и преземете апликации. Можете да преземете апликации што се специјализирани за уредите Samsung Galaxy. Допрете Galaxy Apps на екранот со апликации. Оваа апликација може да биде недостапна во зависност од регионот или операторот. Инсталирање апликации Прегледајте апликации според категорија или допрете ПРЕБАРАЈ за да пребарате клучен збор. Изберете апликација за да ги прикажете нејзините информации.
Апликации Управување со апликации Деинсталирање или деактивирање апликации На екранот со апликации, допрете ИЗМЕНИ. Иконата се појавува на апликацијата што можете да ја деактивирате или деинсталирате. Изберете една апликација и допрете ИСКЛУЧИ или ДЕИНСТАЛИРАЈ. Алтернативно, на екранот со апликации, допрете Опции → Апликации → Управител со апликацијата, изберете една апликација, и потоа допрете ИСКЛУЧИ или ДЕИНСТАЛИРАЈ.
Апликации 3 Допрете за да упатите гласовен повик, или допрете за да упатите видео-повик. Пристапете до дополнителни опции. Додајте го бројот во списокот со контакти. Прегледајте го телефонскиот број. Избришете го претходниот знак. Скријте ја тастатурата. Користење на брзо бирање Поставете броеви за брзо бирање за брзо упатување повици. За да поставите број за брзо повикување, допрете ПОВЕЌЕ → Брзо бирање, изберете број за брзо бирање и потоа изберете контакт.
Апликации Упатување меѓународен повик 1 2 3 Допрете за да ја отворите тастатурата ако тастатурата не се појави на екранот. Допрете и задржете 0 сѐ додека не се појави знакот +. Внесете го кодот за држава, подрачје и телефонскиот број и потоа допрете . Примање повици Одговарање на повик Кога доаѓа повик, одвлечете го надвор од големиот круг. Одбивање повик Кога доаѓа повик, одвлечете го надвор од големиот круг.
Апликации Пропуштени повици Доколку сте пропуштиле повик, на статусната лента се појавува иконата . Отворете го панелот за известување за преглед на список со пропуштени повици. Алтернативно, на екранот со апликации, допрете Телефон → ДНЕВНИК за да прикажете пропуштени повици. Опции во тек на повици Во тек на гласовен повик Достапни се следниве дејства: • НА ЧЕКАЊЕ: Задржете повик. Допрете ПРОДОЛЖИ ПОВИК за да го воспоставите задржаниот повик. • Додај повик: Упатете втор повик. • Доп.
Апликации Контакти Вовед Креирајте нови контакти или управувајте со контактите на уредот. Додавање контакти Рачно креирање контакти 1 2 3 4 Допрете Контакти на екранот со апликации. Допрете и изберете една локација за меморирање. Внесете информации на контакт. • : Додајте слика. • / : Додајте или избришете поле за контакт. Допрете СОЧУВАЈ. За да додадете телефонски број во списокот со контакти преку тастатурата, отворете го екранот со апликации и допрете Телефон.
Апликации Пребарување контакти На екранот со апликации, допрете Контакти. Користете еден од следниве методи за пребарување: • Лизгајте нагоре или надолу во списокот со контакти. • Влечете го прстот вдолж индексот на десната страна на списокот со контакти за да го прелистате брзо. • Допрете го полето за пребарување на врвот од списокот со контакти и внесете критериуми за пребарување. Штом се избере контакт, преземете едно од следниве дејства: • : Додајте во омилени контакти. • / • : Составете порака.
Апликации Споделување контакти Можете да споделувате контакти со други со користење на разни опции за споделување. 1 2 3 4 Допрете Контакти на екранот со апликации. Допрете ПОВЕЌЕ → Сподели. Штиклирајте контакти и допрете СПОДЕЛИ. Изберете метод за споделување. Пораки Вовед Испратете и прикажете пораки според разговор. Праќање пораки Може да настанат дополнителни трошоци при праќање пораки додека се наоѓате во роаминг. 1 2 Допрете Пораки на екранот со апликации. Допрете .
Апликации 3 Додадете приматели и внесете порака. Пристапете до дополнителни опции. Внесете приматели. Изберете контакти од списокот со контакти. Приложете фајлови. Испратете ја пораката. Внесете порака. 4 Внесете емотикони. Допрете ПРАТИ за да ја испратите пораката. Прегледување пораки Пораките се групирани во низи пораки според контакти. Може да настанат дополнителни трошоци за примање пораки додека се наоѓате во роаминг. 1 2 3 Допрете Пораки на екранот со апликации.
Апликации Блокирање несакани пораки Блокирајте пораки од специфични броеви или пораки што содржат изрази што сте ги додале во Вашиот список со блокирани пораки. 1 2 3 4 Допрете Пораки на екранот со апликации. Допрете ПОВЕЌЕ → Опции → Блокирај пораки. Допрете Блокирани контакти. За да додадете израз во блокираните, допрете Блокирани фрази. Допрете ВЛ. САНДАЧЕ или ИМЕНИК за да изберете контакти и допрете . За рачно внесување на број, допрете Внесете број и потоа внесете телефонски број.
Апликации Интернет Прегледајте на Интернет за да пребарате информации и означете ги Вашите омилени интернет-страници за лесно да пристапите до нив. 1 2 3 Допрете Интернет на екранот со апликации. Допрете го полето за адреса. Внесете ја веб-адресата или клучен збор, и потоа допрете Оди. За да ги прикажете алатниците, благо влечете го Вашиот прст надолу по екранот. Пристапете до дополнителни опции. Освежете ја тековната интернет-страница.
Апликации Е-пошта Поставување сметка на е-пошта Поставете сметка на е-пошта кога отворате Е-пошта првпат. 1 2 3 Допрете Е-пошта на екранот со апликации. Внесете ја адресата на е-пошта и лозинката и потоа допрете СЛЕДНО. За рачна регистрација на сметка на е-пошта на претпријатие, допрете РАЧНО ПОСТ. Следете ги упатствата на екранот за комплетирање на поставувањето. За да поставите друга сметка на е-пошта, допрете ПОВЕЌЕ → Опции → Додај сметка.
Апликации Читање е-пошта Кога апликацијата Е-пошта е отворена, уредот автоматски ќе ја вчита новата е-пошта. За рачно вчитување на е-пошта, поминете со прстот надолу по екранот. Допрете една е-пошта на екранот за да ја прочитате. Ако синхронизацијата на е-пошта е исклучена, новата е-пошта не може да се вчита. За да ја вклучите синхронизацијата на е-пошта, допрете ПОВЕЌЕ → Опции → име на Вашата сметка и потоа допрете го копчето Синхронизирај сметка за да го активирате.
Апликации Сликање фотографии или снимање видео-записи 1 2 Допрете ја сликата на приказот за преглед каде што треба да се фокусира камерата. Допрете за да сликате фотографија или серија фотографии, допрете и задржете . за да снимате видео-запис. За да сликате • Раздалечувајте два прста на екранот за зумирање и спојте ги брзо за одзумирање. • За да ја приспособите осветленоста на фотографиите или видо-записите, допрете го екранот.
Апликации На екранот за преглед поминете со прстот надесно за да пристапите во списокот со методи за сликање. Или, поминете со прстот налево за да прикажете фотографии и видео-записи што сте ги сликале. • Екранот за преглед може да се разликува во зависност од режимот за сликање и која камера се користи. • Камерата автоматски се исклучува кога не се користи. • Проверете дали е чиста леќата. Ако не е, уредот може да не работи како што треба во одредени режими за кои се потребни високи резолуции.
Апликации HDR (Високодинамичен опсег) Фотографирајте со богати бои, и репродуцирајте ги деталите дури и во светли и темни области. За да го активирате или деактивирате режимот HDR, отворете го екранот за преглед и допрете сѐ додека не ја достигнете саканата опција. • : Уредот автоматски го активира режимот HDR во зависност од условите во кои сликате. • : Режимот HDR е активиран. • : Режимот HDR е деактивиран.
Апликации 4 Допрете за да сликате фотографија или за да снимате видео-запис. Порнаоѓањето објект може да не биде успешно во следните услови: • Предметот е премногу голем или премногу мал. • Објектот се движи прекумерно. • Објектот има заднинско светло или Вие сликате во темно место. • Боите или шемите на објектот и заднината се исти. • Предметот има хоризонтални декорации, како ролетни. • Камерата се тресе прекумерно. • Резолуцијата на видео-записот е висока.
Апликации Автоматски режим Автоматскиот режим ѝ овозможува на камерата да го процени опкружувањето и да го одреди идеалниот режим за фотографијата. На екранот со апликации, допрете РЕЖИМ → Автоматски. Про-режим Сликајте фотографии додека рачно ги приспособувате разните опции за сликање, како на пример вредноста на експозиција и вредноста ISO. На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Про. Изберете опции и приспособете ги нагодувањата и потоа допрете за да сликате фотографија. : Изберете тон на боја.
Апликации Зачувување на тековното нагодување како прилагодено нагодување На екранот за преглед, допрете Прилагодено → Сочув. мом. поставки, изберете име и потоа допрете СОЧУВАЈ. За да ги примените зачуваните нагодувања во камерата, отворете го екранот за преглед, допрете Прилаг. и потоа изберете име.
Апликации 2 Влечете ја рамката AF/AE во областа на експозиција. Областа на експозиција ќе се раздели од областа на фокус. Селективен фокус Користете го ефектот за дефокусирање за да го истакнете Вашиот специфичен објект да се истакне во фотографија. 1 2 3 4 5 На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Селективен фокус. Допрете ја сликата на приказот за преглед каде што треба да се фокусира камерата. Допрете за да фотографирате. Допрете го минијатурниот преглед.
Апликации 6 Допрете СОЧУВАЈ. • Се препорачува да ги поставите предметите на оддалеченост од најмногу 50 см од уредот. Поставете го предметот на којшто сакате да се фокусирате во близина на уредот. • Кога сликате фотографии, уверете се дека постои доволно растојание меѓу предметот и заднината. Растојанието треба да биде повеќе од три пати поголемо од растојанието меѓу уредот и предметот. • Врз квалитетот на фотографии сликани со уредот може да влијаат следниве услови: – – Уредот или предметот се движи.
Апликации Видео колаж Снимете видео-записи за да создадете уникатен видео-колаж. Можете да ги уредите видеозаписите и да ги споделувате со други. 1 2 На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Видео колаж. Допрете за да изберете едно од следниве: • Колаж: Снимете неколки видео-записи и комбинирајте ги да се емитуваат како видео-колаж. Можете да изберете тип на колаж и да го измените размерот на екранот. • Серија: Изберете го размерот на екран и снимете серија од видео-записи што содржат различни сцени.
Апликации 4 Уредете го видео-записот користејќи ги достапните опции. • Звук: Приспособете го снимениот звук или внесете заднинска музика. • Бав. делови: Изберете делови од видео-записот во секој кадар што ќе се емитува со бавна брзина. Оваа опција се појавува кога ја избирате опцијата за успорен видеозапис. • Заврши озн.: Прикажете до датумот на снимање и времето на видео-записот. 5 Кога ќе завршите со уредување, допрете ЗАЧУВАЈ за да го зачувате видео-записот.
Апликации 4 5 6 7 За да го поставите Вашето емитување како јавно или приватно, допрете Подесувања → Приватност. Допрете Покани и изберете контакти. Кога емитувањето ќе започне, видео-врската ќе им биде испратена на избраните контакти преку порака. Поканетите контакти можат да го гледаат емитувањето со допирање на врската. Допрете за да почнете со емитување. За да поканите повеќе луѓе во тек на емитувањето, допрете Сподели и изберете метод за споделување.
Апликации Бавно движење Снимете видео-запис што ќе го гледате во споро движење. Можете да одредите делови од Вашите видео-записи што ќе се емитуваат во споро движење. Фокусната должина може да се скрати кога го користите овој режим. 1 2 3 4 5 На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Бавно движење. Допрете за започнување со снимање. Кога ќе го завршите снимањето, допрете за да прекинете. На екранот за преглед, допрете го минијатурниот преглед. Допрете .
Апликации 5 Влечете за да го изберите делот од видео-записот што сакате да се емитува во споро движење. и потоа За да поставите попрецизно дел за споро движење, допрете и задржете влечете го Вашиот прст налево или надесно за да се движите низ делот, кадар по кадар. Започнете заграда Завршете заграда Дел за споро движење 6 Допрете го делот за споро движење и користете ги следните опции: • Брзина: Изменете ја брзината на емитување на избраниот дел. • Подели: Поделете го делот во два дела.
Апликации 4 5 На екранот за преглед, допрете го минијатурниот преглед. Допрете . Видео-записот ќе почне да се емитува од случајно поставен дел во брзо движење. Уредување на делови со брзо движење 1 2 3 4 5 На екранот за преглед, допрете го минијатурниот преглед. Допрете . Видео-записот ќе почне да се емитува од случајно поставен дел во брзо движење. Допрете за паузирање на емитување.
Апликации Виртуелна снимка Направете серија фотографии додека се движите кружно околу предмет за да креирате приказ од предметот од повеќе агли. Можете да го прикажете предметот од различни агли со влечење на прстот налево или надесно на фотографијата. 1 2 3 На екранот за преглед, допрете РЕЖИМ → Виртуелна снимка. Поставете предмет во центарот на екранот за преглед и допрете . Движете го споро уредот околу предметот во еден правец за да сликате повеќе фотографии.
Апликации Селфи Сликате автопортрети со предната камера. Можете да прегледате разни ефекти за убавина на екранот. 1 2 3 4 На екранот за преглед, допрете автопортрети. за да се префрлите на предната камера за Допрете РЕЖИМ → Селфи. Свртете се накај леќата на предната камера. Кога уредот ќе го детектира Вашето лице, допрете го сензорот на задниот дел на уредот за да направите автопортрет. Исто така, можете да го допрете екранот за да сликате фотографија.
Апликации Применување ефекти за убавина Можете да ги менувате одликите на лице, како тонот на Вашата кожа или обликот на лицето пред да сликате автопортрети. Оваа одлика е достапна само во режимите за Селфи и Периодична слика. 1 2 На екранот за преглед, допрете . Изберете ги опциите подолу за да примените ефекти за убавина на Вашето лице на екранот за преглед: • Поправање облик: Кога Вашето лице се наоѓа на рабовите на екранот за преглед, ќе изгледа изобличено.
Апликации 4 Кога уредот го детектира Вашето лице, допрете го сензорот на задниот дел на уредот за да направите автопортрет. Исто така, можете да го допрете екранот за да сликате фотографија. и допрете го копчето За да сликате фотографија користејќи ја Вашата дланка, допрете Контрола на гестовите за да го активирате. Прикажете ја Вашата дланка пред предната камера. По препознавањето на Вашата дланка, уредот ќе слика фотографија по неколку секунди.
Апликации Периодична слика Направете серии од автопортрети на интервали и зачувајте ги сликите што ги сакате. 1 2 3 4 5 На екранот за преглед, допрете автопортрети. за да се префрлите на предната камера за Допрете РЕЖИМ → Периодична слика. Свртете се накај леќата на предната камера. За да примените ефект на убавина, допрете и изберете опции. Осврнете се на Применување ефекти за убавина за повеќе информации.
Апликации Нагодувања на камерата Брзи нагодувања На екранот за преглед, користете ги следните брзи нагодувања. Достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот за сликање и која камера се користи. • : Изберете ефект на филтер што ќе го употребите за сликање фотографии или снимање видео-записи. За да поставите дали да се прикажуваат одредени ефекти на списокот или да го преуредите редоследот на ефекти, допрете . За да преземете повеќе ефекти, допрете .
Апликации Нагодувања на камерата На екранот за преглед, допрете . Достапните опции може да се разликуваат во зависност од режимот за сликање и која камера се користи. • Голем.на видеото (одзади) / Голем.на видеото (напред): Изберете резолуција за видео-записи. Користењето повисока резолуција ќе има како резултат видео-записи со повисок квалитет, но ќе зафаќаат повеќе меморија. • Контрола на гестовите: Поставете уредот за ја детектира Вашата дланка за да можете да ја користите кога сликате автопортрети.
Апликации • Зачувај како датотека RAW: Поставете уредот да зачува фотографии како некомпресирани фајлови RAW (формат на фајл DNG) во професионален режим. Фајловите RAW ги задржуваат сите податоци на фотографијата за најдобар квалитет на слика, но зафаќаат повеќе меморија. За да прикажете фајлови RAW, неопходна е апликација за прикажување. • Кога ја користите оваа одлика, секоја фотографија се зачувува во два формати, DNG и JPG. Фотографиите од Фотосерија се зачувуваат само како фајлови JPG.
Апликации Галерија Вовед Прикажете и управувајте со фотографии или видео-записи зачувани во уредот. Прикажување слики или видео-записи 1 2 Допрете Галерија на екранот со апликации. Изберете една слика или видео-запис. во минијатурниот приказ. За да емитувате Видео-фајловите ја прикажуваат иконата видео-запис, допрете . Префрлете се на претходниот екран. Пристапете до дополнителни опции. Споделете ја сликата со други. Модифицирајте ја сликата. Додајте ја сликата во омилените. Избришете ја сликата.
Апликации Бришење слики или видео-записи Бришење една слика или видео-запис Изберете една слика или видео-запис и допрете Избриши во горниот дел на екранот. Бришење повеќе слики и видео-записи 1 2 3 На главниот екран на Галерија, допрете и задржете една слика или видео-запис за бришење. Штиклирајте ги сликите или видео-записите за бришење. Допрете ИЗБРИШИ.
Апликации Паметен управител Вовед Паметниот управител овозможува преглед на статусот батеријата на Вашиот уред, просторот за складирање, RAM меморијата и безбедноста на системот. Исто така, можете авотматски да го оптимизирате уредот со едно допир на Вашиот прст. Користење на одликата за брза оптимизација На екранот со апликации, допрете Паметен управител → ИСЧИСТИ СЀ. Одликата за брза оптимизација ја подобрува изведбата на уредот преку следните дејства.
Апликации Користење на Паметниот управител На екранот со апликации, допрете Паметен управител и изберете одлика. Батерија Проверете го преостанатиот капацитет на батеријата и времето што Ви останува за користење на уредот. За уреди со ниски нивоа на батерија, зачувајте го капацитетот на батерија со активирање на одликата за зачувување на капацитет и затворање апликации што користат преголемо количество капацитет од батеријата.
Апликации S Planner Вовед Управувајте со Вашиот распоред со внесување претстојни настани или задачи во Вашиот распоред. Создавање настан 1 2 3 Допрете S Planner на екранот со апликации. Допрете или допрете двојно еден датум. Ако на тој датум веќе постојат зачувани настани или задачи, допрете го датумот и допрете . Внесете детали на настан. Внесете наслов. Поставете датум на започнување и завршување на настанот. Изберете еден календар за да го употребувате или со кој ќе се синхронизирате.
Апликации Креирање задачи 1 2 3 Допрете S Planner на екранот со апликации. Допрете → Задачи. Внесете детали на задача и допрете ДЕНЕС или УТРЕ за да поставите датум на истекување. За да додадете повеќе детали, допрете 4 . Допрете СОЧУВАЈ за да ја зачувате задачата. Синхронизација на настани и задачи со Вашите сметки На екранот со апликации, допрете Опции → Сметки, изберете една услуга за сметка и потоа допрете го копчето Синхронизирај Календар за да синхронизирате настани и задачи со сметката.
Апликации Користење на S Health Можете да ги прикажете клучните информации од менијата на S Health и трагачи што ќе ја следат Вашата добросостојба и физичката кондиција. Допрете S Health на екранот со апликации. Цели и програми Трагач • ЦЕЛИ: Поставете ги дневните цели за физичка кондиција и прикажете го Вашиот напредок. • ПРОГРАМИ: Користете приспособливи програми за вежбање. • СЛЕДАЧИ: Следете ги Вашите активности, внесот на храна и телесните мерки.
Апликации Дополнителни информации • Апликацијата S Health е наменета само за добросостојба и физичка кондиција и е наменета за користење при дијагноза на болест или други состојби, или при лекувањето, ублажувањето или превенцијата на болест. • Достапните функции, одлики и апликациите што може да се додадат на S Health, може да се разликуваат од земја до земја заради различните локални закони и прописи. Пред употребата, треба да ги проверите одликите и апликациите достапни во Вашата земја.
Апликации S Voice Вовед Извршувајте едноставно разни задачи со говор. Поставување команда за будење Можете да ја стартувате S Voice користејќи Ваша сопствена команда за будење. Кога ја стартувате S Voice првпат, допрете START и поставете ја Вашата лична команда за будење. За да ја измените командата за будење, отворете го екранот со апликации и допрете S → Voice wake-up → Change wake-up command → START и потоа Voice. Потоа, допрете следете ги упатствата на екранот.
Апликации 2 Изговорете говорна команда. Ако уредот ја препознае командата, уредот ќе го изврши соодветното дејство. За да повторите говорна команда или да изговорите различна команда, допрете . Оваа апликација ќе се исклучи автоматски ако уредот не се употребува одреден период. Совети за подобро гласовно препознавање • Зборувајте јасно. • Зборувајте на тивки места. • Не користете навредливи зборови или жаргон. • Избегнувајте да зборувате на дијалект.
Апликации Сајд-синк Вовед SideSync Ви овозможува лесно да го споделувате Вашиот екран и податоци меѓу паметни телефони и таблети Samsung со оперативен систем Андроид и кои било компјутери. Откако ќе ги поврзете Вашите уреди, на поврзаниот таблет или компјутер ќе се појави виртуелен екран. Можете да проверувате известувања, како пораки, оод информациската табла или во скокачки прозорци. Пред да почнете • Апликацијата SideSync мора да биде инсталирната на двата уреди кои сакате да ги поврзете.
Апликации Поврзување на компјутери или таблети Поврзување со компјутер 1 2 3 Поврзете го Вашиот паметен телефон со Вашиот компјутер користејќи USB кабел. Алтернативно, поврзете ги двата уреда на истата пристапна точка. Стартувајте ја Сајд-синк на двата уреда. Допрете ПОЧНИ на двата уреди. Двата уреда ќе се скенираат меѓусебно и ќе се поврзат. Потоа, на Вашиот компјутер ќе се појави информациската табла.
Апликации 4 На таблетот, прифатете го барањето за поврзување. На Вашиот таблет ќе се појави информациската табла. Автоматско поврзување на уреди Кога два уреда биле поврзани претходно, можете да поставите да се поврзуваат повторно автоматски. Поврзувањето на уредите преку USB кабел или Wi-Fi Direct автоматски ја стартува Сајд-синк. Ако уредите се поврзани на истата пристапна точка, поставете ги блиску еден до друг за да ги поврзете.
Апликации Користење на информациската табла Стартувајте често користени апликации или прикажувајте известувања од Вашиот паметен телефон. Кога допирате некое известување, ќе се стартува поврзаната апликација или програма. Следното е слика на информациската табла на паметниот телефон на компјутерот. Минимизирајте ја информациската табла. Затворете ја информациската табла. Пристапете до дополнителни опции. Вклучете го виртуелниот екран на паметниот телефон. Додадете повеќе апликации.
Апликации Споделување на хотспотот на Вашиот паметен телефон Можете да ја споделувате врската за мобилни податоци на Вашиот паметен телефон со компјутери или таблети ако има достапна внатрешна врска со интернет. Може да настанат дополнителни трошоци кога ја користите оваа одлика. На информациската табла, допрете MORE → Enable Mobile hotspot. Мобилниот хотспот на паметниот телефон ќе се активира.
Апликации Затворете го виртуелниот екран. Минимизирајте го виртуелниот екран. Допрете Максимизирајте го виртуелниот екран. за да ги употребите следниве опции: • Always on top: Поставете виртуелниот екран да биде секогаш горе. • Rotate: Ротирајте во екранот. • Capture: Доловете слика на екран. • Enable Presentation mode: Вклучете го екранот на паметниот телефон за да го контролирате и од Вашиот компјутер, паметниот телефон. Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од поврзаниот уред.
Апликации Префрлање помеѓу екрани За да го употребувате фактичкиот екран на паметниот телефон, притиснете го копчето за вклучување/исклучување или копчето Дома на Вашиот паметен телефон. Виртуелниот екран ќе се исклучи, а екранот на паметниот телефон ќе се вклучи. За да се вратите во виртуелниот екран, кликнете на виртуелниот екран на паметниот телефон на компјутерот или допрете ПРЕФРЛИ НА ТАБЛЕТ на таблетот. Фактичкиот екран ќе се исклучи, а виртуелниот екран ќе се вклучи.
Апликации Копирање фајлови на Вашиот паметен телефон Изберете фајлови на компјутерот и влечете ги на информациската табла на виртуелниот екран на паметниот телефон. Фајловите ќе се зачуваат во папката Алатки → Мои фајлови → Меморија на уредот → SideSync. Додека составувате една порака или е-пошта на виртуелниот екран, фајловите што се копираат ќе се прикачат на пораката или е-поштата што се составува.
Апликации 2 Движете го покажувачот на глушецот кон левиот или десниот раб на екранот на компјутерот за да се префрлите на екранот на Вашиот таблет. Покажувачот на глушецот ќе се појави на екранот на Вашиот паметен телефон. 3 На Вашиот паметен телефон, користете ја тастатурата на компјутерот и глушецот за да вршите дејства, како на пример внесување текст, копирање и лепење и избирање ставки. За да го контролирате повторно комјутерот со глушецот, вратете го покажувачот на екранот на компјутерот.
Апликации Музика Слушајте музика подредена според категорија и прилагодувајте ги нагодувањата за емитување. Допрете Музика на екранот со апликации. Допрете , изберете категорија и потоа изберете песна за емитување. Допрете ја сликата на албумот на дното од екранот за да се отвори плеерот за музика. Пристапете до дополнителни опции. Отворете ја музичката листа. Пристапете во нагодувањата за квалитет на звук и ефекти. Поставете го фајлот како Ваша омилена песна. Прилагодете ја јачината на тонот.
Апликации Видео Гледајте видео-записи зачувани во уредот и прилагодувајте ги нагодувањата за емитување. Допрете Видео на екранот со апликации. Изберете видео-запис за емитување. Пристапете до дополнителни опции. Паузирајте го или продолжете го емитувањето. Премотајте или префрлете брзо нанапред со влечење на лентата. Прилагодете ја јачината на тонот. Променете го размерот на приказот. Префрлете се на скокачкиот плеер за видео-записи. Скокнете на претходниот видео-запис.
Апликации Диктафон Вовед Користете различни режими за снимање во разни ситуации, како на пример во тек на интервју. Уредот може да го конвертира Вашиот глас во текст и да разликува извори на звук. Снимање гласовни белешки 1 2 На екранот со апликации, допрете Алатки → Диктафон. Допрете за започнување со снимање. Зборувајте во микрофонот. Допрете Пауза за да го паузирате снимањето. Додека снимате гласовна белешка, допрете Омилена страница за да внесете обележувач. Променете го режимот за снимање.
Апликации Промена на режимот за снимање Допрете за да додадете режим од списокот. • Стандардно: Ова е режимот за нормално снимање. Гласовните белешки снимени во овој режим се појавуваат со иконата веднаш до нив. • Интервју: Микрофонот е чувствителен на звуци од два правца. Во овој режим, и горниот, но и долниот дел од уредот примаат рамномерни количини звук. Гласовните белешки снимени во овој режим се појавуваат со иконата веднаш до нив.
Апликации 3 За да исклучите извори на звуци, допрете да се исклучи. Иконата ќе се измени во за соодветната насока во која звукот треба и звукот ќе се исклучи. Исклучен извор на звук Вклучен извор на звук Мои фајлови Пристапете и управувајте со разни фајлови зачувани во уредот или на други локации, на пр. услуги за складирање во облак. На екранот со апликации, допрете Алатки → Мои фајлови. • Категорија: Прикажете фајлови според категорија. • Локална меморија: Прикажете фајлови зачувани во уредот.
Апликации Samsung Gear Samsung Gear е апликација што Ви овозможува да управувате со Вашиот Gear уред за носење. Кога ќе го поврзете Вашиот уред со Gear, можете да ги приспособите нагодувањата и апликациите на Gear. На екранот со апликации, допрете Алатки → Samsung Gear. Допрете ПОВРЗИ СО GEAR за да го поврзете Вашиот уред со Gear. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите поставувањето. Белешка Креирајте белешки и организирајте ги според категорија. На екранот со апликации, допрете Белешка.
Апликации Часовник Вовед Поставете аларми, проверете го тековното време во многу градови во светот, внесете време на настан или поставете одредено времетраење. Аларм На екранот со апликации, допрете Часовник → Аларм. Поставување аларми Поставете време за аларм и допрете СОЧУВ. За да ја отворите тастатурата и да внесете време за аларм, допрете ТАСТ. За да поставите аларм со разни опции за аларм, допрете ОПЦИИ, поставете опции на аларм и потоа допрете СОЧУВ.
Апликации Бришење часовници Допрете на часовник. Стоперица 1 2 3 На екранот со апликации, допрете Часовник → Стоперица. Допрете ПОЧНИ за мерење на времето на некој настан. За да снимите број на кругови додека мерите време на некој настан, допрете КРУГ. Допрете ПРЕКИНИ за да го запрете мерењето. За да го рестартирате мерењето, допрете ПРОДОЛЖИ. За да го исчистите бројот на кругови, допрете РЕСЕТИРАЈ. Тајмер 1 2 3 На екранот со апликации, допрете Часовник → Тајмер.
Апликации Google апликации Google пружа забава, социјални мрежи и апликации за бизнис. Може да Ви биде потребна сметка на Google за пристап во некои апликации. Осврнете се на Сметки за повеќе информации. За да прикажете повеќе информации за апликација, пристапете во менито за помош на секоја апликациа. Некои апликации може да бидат недостапни или означени различно во зависност од регионот или операторот. Chrome Пребарувајте информации и прегледувајте интернет-страници.
Апликации Photos Пребарајте, управувајте и уредувајте ги сите Ваши фотографии и видео-записи од разни извори на едно место. Hangouts Разговарајте со Вашите пријатели, индивидуално или во група, и користете слики, емотикони и видео-повици додека разговарате. Google Пребарувајте брзо ставки на Интернет на Вашиот уред. Гласовно пребарување Пребарувајте брзо ставки изговарајќи клучен збор или фраза. Поставки за Google Конфигурирајте нагодувања за некои одлики обезбедени од Google.
Опции Вовед Приспособете ги нагодувањата за функции и апликации. Можете да го направите Вашиот уред повеќе персонализиран со конфигурирање на разни опции за нагодување. На екранот со апликации, допрете Опции. За да пребарате нагодувања со внесување на клучен збор, допрете ПРЕБАРАЈ. За да го уредите списокот со нагодувања што ги користите често, допрете ИЗМЕНИ. Потоа, штиклирајте ставки што ќе ги додадете или поништете го изборот на ставки што ќе ги остраните.
Опции 3 Допрете ПОВРЗИ. • Штом уредот ќе се поврзе со Wi-Fi мрежа, уредот ќе се поврзува повторно со таа мрежа секогаш кога е достапна, без да му треба лозинка. За да се спречи автоматско поврзување на уредот со мрежата, изберете ја од списокот со мрежи и допрете ЗАБОРАВИ. • Ако не можете да се поврзете прописно со мрежа Wi-Fi, рестартирајте ја одликата Wi-Fi на Вашиот уред или безжичниот насочувач. Wi-Fi Direct Wi-Fi Direct директно поврзува уреди преку Wi-Fi мрежа без да бара пристапна точка.
Опции 3 4 Допрете Сподели → Wi-Fi Direct и потоа изберете уред на кој сакате да ја префрлите сликата. Прифатете го барањето за поврзување со другиот уред преку Wi-Fi Direct. Ако уредите се веќе поврзани, сликата ќе се испрати кај другиот уред без процедурата за барање за поврзување. Исклучување на врска на уредот 1 2 3 Допрете Wi-Fi на екранот со Нагодувања. Допрете Wi-Fi Direct. Уредот ги прикажува поврзаните уреди во списокот. Допрете го името на уредот за да ја исклучите врската на уредите.
Опции Спојување со други уреди со Bluetooth 1 На екранот со Нагодувања, допрете Bluetooth и потоа допрете го копчето за да го активирате. Детектираните уреди се наведени во список. 2 Изберете уред за спојување. Ако уредот со кој сакате да се споите не се наоѓа во списокот, побарајте уредот да ја вклучи опцијата за видливост. Осврнете се на упатството за корисник на другиот уред. Вашиот уред е видлив за други уреди додека екранот за нагодување Bluetooth е отворен.
Опции Разделување на Bluetooth уреди 1 2 3 Допрете Bluetooth на екранот со Нагодувања. Уредот ги прикажува споените уреди на списокот. Допрете веднаш до името на уредот кој сакате да го разделите. Допрете Прекини поврзување. Режим за летало Ова ги деактивира сите безжични функции на Вашиот уред. Може да користите услуги што не зависат од мрежата. На екранот со Нагодувања, допрете Режим за летало.
Опции Користење мобилен хотспот Користете го уредот како мобилен хотспот за да ја споделувате мобилната врска за податоци на Вашиот уред со други уреди. 1 2 На екранот со Нагодувања, допрете Мобилен хотспот и споделување врска → Мобилен хотспот. Допрете го копчето за да го активирате. се појавува на статусната лента. Други уреди можат да го најдат Вашиот уред Иконата на списокот со Wi-Fi мрежи.
Опции Ограничување на користењето на податоци 1 2 3 На екранот со Нагодувања, допрете Користење податоци и допрете го копчето Одреди ограничување за мобилни податоци за да го активирате. Влечете ја лентата за приспособување на граница нагоре или надолу за да поставите граница. Влечете ја лентата за приспособување на предупредување нагоре или надолу за да поставите ниво за предупредување при користење на податоци. Уредот ќе Ве предупреди кога ќе биде достигнато нивото за предупредување.
Опции Користење на одликата NFC Користете ја NFC одликата за испраќање пораки или контакти кај други уреди и за читање информации за производи од NFC-ознаки. Ако внесете SIM или USIM-картичка што има одлики за плаќање, можете да го употребите уредот за згодно плаќање. 1 2 На екранот со Нагодувања, допрете NFC и плаќање и потоа допрете го копчето за да го активирате. Поставете го делот на задниот дел од уредот, каде што се наоѓа антената за NFC, во близина на NFC-ознака.
Опции За да поставите стандардна апликација за плаќање, отворете го екранот со Нагодувања и допрете NFC и плаќање → Допри и плати и потоа изберете една апликација. Списокот на услуги за плаќање може да не ги вклучува сите достапни апликации. Испраќање податоци Дозволете размена на податоци кога антената за NFC на Вашиот уред ги допира антените за NFC на други уреди. 1 2 3 4 На екранот со Нагодувања, допрете NFC и плаќање и потоа допрете го копчето за да го активирате.
Опции Повеќе поставки за поврзување Опции Прилагодете ги нагодувањата за контролирање на други одлики. На екранот со Нагодувања, допрете Повеќе поставки за поврзување. • Печатење: Конфигурирајте ги нагодувањата за додатоците за печатач што се инсталирани на уредот. Можете да пребарувате достапни печатачи или да додадете печатач за рачно печатење фајлови. Осврнете се на Печатење за повеќе информации.
Опции 4 Изберете го приклучокот за печатач и допрете го копчето за да го активирате. Уредот пребарува печатачи што се поврзани со истата Wi-Fi мрежа како Вашиот уред. За рачно додавње на печатачи, допрете ПОВЕЌЕ → Додај печатач → ADD PRINTER. За да ги измените нагодувањата за печатач, допрете ПОВЕЌЕ → Опции за печатење. Печатење содржина Додека прикажувате содржина, како слики или документи, допрете Сподели → Печати → → Сите печатачи и потоа изберете печатач.
Опции Засилувач на преземања Поставете уредот истовремено да презема фајлови поголеми од 30 MB преку Wi-Fi и мобилни мрежи. Посилниот Wi-Fi сигнал ќе овозможи поголема брзина на преземање. На екранот со Нагодувања, допрете Повеќе поставки за поврзување → Засилувач на преземања. • Оваа одлика може да биде поддржана од некои уреди. • Може да настанат дополнителни трошоци кога преземате фајлови преку мобилната мрежа. • Кога преземате големи фајлови, можно е уредот да се загрее.
Опции • Известувања за апликација: Изменете ги нагодувањата за известување за секоја апликација. • LED-индикатор: Поставете уредот да го вклучува LED-индикаторот додека батеријата се полни, кога имате известувања, или пак кога снимате говорни потсетувања. Екран Променете ги нагодувањата на екран. На екранот со Нагодувања, допрете Екран. • Светлина: Приспособете го интензитетот на светлина на екранот. • Фонт: Променете го типот и големината на букви.
Опции • Раб на апликациите: Поставете уредоѕ да прикажува кратенки за омилени апликации на Работ на екран. • Проток на информации: Приспособете ги нагодувањата за прикажување разни ставки на Раб на екран, како на пример новини и предупредувања за пораки. • Ноќен часовник: Поставете уредот да го користи Раб на екран како часовник во текот на ноќта. Можете да поставите колку долго ќе остане вклучен ноќниот часовник. • Положба на Рабниот екран: Приспособете ги опциите на екран за рачката и Раб на екран.
Опции Апликации Управувајте со апликациите на уредот и изменете ги нивните нагодувања. На екранот со Нагодувања, допрете Апликации. • Управител со апликацијата: Прикажете ги и уредувајте ги апликациите на Вашиот уред. • Основни апликации: Изберете стандардно нагодување за користење апликации. • Нагодување на апликацијата: Приспособете ги нагодувањата за секоја апликација. Заднина Изберете нагодувања на тапетот за почетниот екран и за заклучениот екран. На екранот со Нагодувања, допрете Заднина.
Опции Екран за закл.и безбедност Опции Изменете ги нагодувањата за обезбедување на уредот и за SIM или USIM-картичката. На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност. Достапните опции може да се разликуваат во зависност од избраниот метод за заклучување на екран. • Вид заклучување на екранот: Изменете го методот за заклучување на екран. • Прикажи информации: Изменете ги нагодувањата за ставките прикажани на заклучениот екран.
Опции Препознавање отпечаток од прст За да функционира препознавањето отпечатоци, информациите за Вашиот отпечаток треба да се регистрира и зачува на Вашиот уред. Откако ќе ги регистрирате, можете да поставите уредот да ги користи отпечатоците за следните одлики: • Заклучување на екранот • Најавување на Интернет • Потврдување сметка Samsung • Оваа одлика може да биде недостапна во зависност од регионот или од операторот.
Опции • За да ја подобрите изведбата на препознавање, регистрирајте ги отпечатоците од раката што ја користите најмногу за да изведувате задачи на уредот. • Во суви средини, во уредот може да се појави статички електрицитет. Избегнувајте да ја користите оваа одлика во суви средини или пред да ја користите одликата испразнете го статичкиот електрицитет со допирање метален предмет. Регистрирање отпечатоци 1 2 3 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.
Опции Бришење отпечатоци од прсти Можете да ги избришете регистрираните отпечатоци од прсти. 1 2 3 4 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на прсти. Скенирајте регистриран отпечаток, или допрете Резервна лозинка и внесете ја резервната лозинка. Допрете ИЗМЕНИ. Штиклирајте ги отпечатоците што сакате да ги избришете и допрете ПОВЕЌЕ → ОТСТРАНИ. Измена на резервна лозинка Можете да ја измените лозинката што ја користите како резервна за скенирање на Вашите отпечатоци.
Опции 3 4 Допрете го копчето Потврди сметка Samsung за да го активирате. Најавете се на Вашата сметка Samsung. Користење отпечатоци за најавување сметки Можете да ги користите Вашите отпечатоци за да се најавувате на интернет-страници кои поддржуваат зачувување лозинка. Оваа одлика е достапна само за интернет-страници до кои пристапувате преку Интернет апликација. 1 2 3 4 5 6 На екранот со Нагодувања, допрете Екран за закл.и безбедност → Отпечатоци на прсти.
Опции • Јави инфо.за дијагностика: Поставете го уредот автоматски да испраќа кај Samsung дијагностички и информации за користење. • Праќање SOS-пораки: Поставете уредот да испраќа пораки за помош со притискање на копчето за вклучување/исклучување три пати. Исто така, можете да испраќате говорни снимки со пораките кај приматели. Осврнете се на Праќање SOS-пораки за повеќе информации. Приватен режим Сокријте лична содржина во Вашиот уред, за да спречите други да имаат пристап до неа.
Опции Прикажување скриена содржина Можете да прикажете скриени ставки само кога приватниот режим е активиран. 1 2 3 На екранот со Нагодувања, допрете Приватност и безбедност → Приватен режим, и потоа допрете го копчето за да го активирате. Следете ги упатствата на екранот за да го внесете претходно поставениот код за пристап во приватен режим. На екранот со апликации, допрете Алатки → Мои фајлови → Приватно. Ставките што се префрлени во приватната папка ќе се појават на екранот.
Опции Праќање SOS-пораки Во итен случај, притиснете го брзо три пати копчето за вклучување/исклучување. Уредот им испраќа пораки на Вашите примарни контакти. Во пораките се вклучени информациите за Вашата локација. 1 2 На екранот со Нагодувања, допрете Приватност и безбедност → Праќање SOSпораки и потоа допрете го копчето за да го активирате. Следете ги упатствата на екранот за да додадете примарни контакти, ако веќе не сте го сториле тоа.
Опции Лесен режим Лесниот режим Ви овозможува полесно корисничко искуство со користење на поедноставен распоред и поголеми икони на почетниот екран. Некои одлики на апликации можеби нема да бидат достапни во лесен режим. Префрлување во лесен режим 1 2 3 На екранот со Нагодувања, допрете Лесен режим → Лесен режим. Изберете апликации од Лесни апликации за да примените поедноставен распоред. Допрете ИЗВРШЕНО.
Опции Сметки Додадете ги Вашите сметки Samsung и Google, или други сметки, со кои ќе вршите синхронизација. Додавање сметки За некои од апликациите кои ги користите на Вашиот уред, неопходни се регистрирани сметки. Креирајте сметки за да го имате најдоброто искуство со Вашиот уред. 1 2 3 На екранот со Нагодувања, допрете Сметки → Додај сметка. Изберете една услуга на сметка. Следете ги упатствата на екранот за завршување на поставувањето сметка.
Опции Резервна копија и ресетирање Променете ги нагодувањата за управување со Вашите нагодувања и податоци. На екранот со Нагодувања, допрете Резервна копија и ресетирање. • Резервна копија на податоци: Направете рез. копија од Вашите лични податоци и податоци од апликации на серверот Samsung. Исто така, можете да поставите уредот автоматски да прави рез. копија од податоците. • Обнови првобитни: Обновете претходно направени рез. копии од лични податоци и податоци од апликации од Вашата сметка Samsung.
Опции • Говорен влез: Изберете стандардна услуга за говорно внесување. Исто така, можете да ги измените нагодувањата за секоја услуга. • Опции за текст во говор: Изменете ги нагодувањата за текст во говор. • Брзина на покажувачот: Прилагодете ја брзината на покажувачот за глушецот или на подлошката поврзани со Вашиот уред. Батерија Прикажете информации за капацитет на батерија и изменете ги опциите за заштеда на енергија. На екранот со Нагодувања, допрете Батерија.
Опции Додатоци Променете ги нагодувањата за додатоците. На екранот со Нагодувања, допрете Додатоци. Оваа опција ќе се појави кога го поставувате уредот на безжичен полнач што ја поддржува одликата за безжично полнење. • Брзо безжично полнење: Поставете уредот да ја користи одликата за брзо безжично полнење. Кога оваа одлика е активирана, од безжичниот полнач може да се јави бучава. Деактивирањето на оваа одлика ќе ја намали буката, но може да има како резултат подолго време за полнење.
Опции Упатство за корисникот Прикажете информации за помош за да дознаете како да го користите уредот и апликациите, или да конфигурирате важни нагодувања. На екранот со Нагодувања, допрете Упатство за корисникот. За уредот Пристапете кон информациите на уредот, уредете го името на уредот или ажурирајте го софтверот. На екранот со Нагодувања, допрете За уредот.
Додаток Пристапност Во врска со пристапноста Подобрете ја пристапноста со одлики што го прават уредот полесен за користење за корисниците со оштетен вид, слух и намалена подвижност. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност. Користење на копчето Дома за отворање на менијата за пристапност На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Директен пристап и потоа допрете го копчето за да го активирате.
Додаток Voice Assistant (Говорни повратни информации) Активација или деактивација на Voice Assistant Кога ja активирате Voice Assistant, уредот го чита на глас текстот на екранот или избраните одлики кога ги допирате еднаш. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Вид → Voice Assistant и потоа допрете го копчето за да го активирате. Уредот ќе започне говорни повратни информации. За да ja деактивирате Voice Assistant, допрете го копчето и допрете брзо два пати каде и да е на екранот.
Додаток • Поминување со прст нагоре, па потоа надолу со едно движење: Префрлете се на првата ставка на екранот. Во режим за избирање текст, преместете го покажувачот на почетокот на текстот. • Поминување со прст надолу, па потоа нагоре со едно движење: Префрлете се на последната ставка на екранот. Во режим за избирање текст, преместете го покажувачот на крајот на текстот. Гестови со два прсти • Допирање: Паузирајте или продолжете со говорни повратни информации.
Додаток Користење на контекстуално мени Кога ja користите Voice Assistant, поминете со прстот налево или надесно со три прста. Ќе се појави контекстуалното мени и уредот ќе ги чита на глас опциите. Поминете со три прста налево или надесно за да лизгате низ опциите. Кога ќе ја слушнете опцијата што ја сакате, поминете со прстот нагоре или надолу за да ја употребите опцијата или да ги приспособите нагодувањата за опцијата. На пример, кога ќе слушнете Гласн.
Додаток • Вибрации: Поставете уредот да вибрира кога го истражувате екранот. • Звучни повратни информации: Поставете уредот да емитува звук кога го контролирате екранот, како на пример кога го прелистувате екранот и друго. • Фокусирај се на говорното аудио: Поставете уредот да ја намалува јачината на тон на медиумот кога уредот чита една ставка на глас. • Гласност на звучните повратни информации: Прилагодете ја јачината што ја емитува звукот кога го допирате екранот за да го контролирате.
Додаток Поставување одлики за текст во говор Изменете ги нагодувањата за одликите текст во говор кога е активиранa Voice Assistant, како на пример јазици, брзина и друго. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Вид → Опции за текст во говор, и потоа користете ги следните функции: • Пожелен TTS погон: Изберете еден погон за одликата текст во говор. • Брзина на говор: Приспособете ја брзина за одликата текст во говор. • Сост.
Додаток Вид Пишување гласовни белешки на говорни етикети Можете да користите говорни етикети за да разликувате предмети со сличен облик, приложувајќи им етикети. Можете да снимите и да назначите гласовна белешка на една говорна етикета со вклучена одлика NFC. Говорната белешка ќе се емитува кога ќе го ставите Вашиот уред во близина на етикетата. Вклучете ја одликата NFC пред да ја употребите оваа одлика. 1 2 3 4 На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Вид → Говорна етикета.
Додаток • Истражување на екран со лизгање: Влечете два или повеќе прсти низ зголемениот екран. • Прилагодување на сооднос на зум: Спојте два или повеќе прста на зголемениот екран или раширете ги. Исто така, можете привремено да го зголемите екранот со допирање на екранот три пати и држење. Додека го држите екранот, влечете го Вашиот прст за да го истражите екранот. Отпуштете го Вашиот прст за да се вратите во нормален преглед. • Тастатурите на екранот не се зголемуваат.
Додаток Прилагодување бои Приспособете го начинот на кој се прикажуваат боите на екранот ако имате проблеми со разликувањето на бои. Уредот ги менува боите во бои кои се препознаваат полесно. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Вид → Прилагодување бои и потоа допрете го копчето за да го активирате. Следете ги упатствата на екранот за да ја завршите постапката за прилагодување на бои.
Додаток Поставување на Известувања со блиц Поставете блицот да трепка кога имате дојдовни повици, нови пораки или известувања. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Слух и потоа допрете го копчето Известување со блиц за да го активирате. Исклучување на сите звуци Поставете уредот да ги исклучува сите звуци на уредот, како медиумските звуци, вклучувајќи го и гласот на повикувач во тек на повик.
Додаток Моно-аудио Моно излезот комбинира стерео звук во еден сигнал што се емитува низ сите главни слушалки. Користете го ова ако имате оштетен слух или ако една слушалка за во уво Ви е позгодна. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Слух и потоа допрете го копчето Моно-аудио за да го активирате. Автоматски тактилно Кога одликата автоматски тактилни стимули е активирана, уредот ќе вибрира со звукот кога се емитувате музика, гледате видео-записи или играте игри.
Додаток Мени за помошник Прикажување на иконата на помошна кратенка Поставете уредот да ја прикажува кратенката на помошната икона за пристапување во апликации, одлики и нагодувања. Можете лесно да го контролирате уредот со допирање на помошните менија во иконата. 1 2 3 На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Подвижност и интеракција → Мени за помошник. Допрете го копчето за да го активирате. Иконата на помошната кратенка се појавува во долниот десен дел на екранот.
Додаток За да ги измените нагодувањата на покажувачот, отворете го екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Подвижност и интеракција → Мени за помошник. Потоа, употребете ги нагодувањата под Пост.за доп.подлога и покажув. Користење на подобрени помошни менија Поставете уредот да прикажува подобрени помошни менија за избрани апликации.
Додаток 4 5 Прилагодете ја големината на рамката или нацртајте линија околу една област што сакате да ја ограничите. Допрете ГОТ. Уредот ќе ја прикаже ограничената област. Ограничената област нема да реагира кога ќе ја допирате и цврстите копчиња на уредот ќе се исклучат. За да го деактивирате режимот за контрола на интеракција, држете го притиснато копчето Дома и копчето за јачина на тон истовремено. Заклучување насока Направете комбинација од разни правци за отклучување на екранот.
Додаток Одговарање или завршување на повици Изменете го методот за одговарање или завршување повици. На екранот со апликации, допрете Опции → Пристапност → Одговарање и завршување повици. Изберете го саканиот метод. Користење на режим со еден допир Кога се огласува еден аларм или добивате повик, допрете го копчето за да го прекинете алармот или одговорете на повикот наместо да го одвлекувате копчето.
Додаток Решавање проблеми Пред да се обратите до сервисен центар на Samsung, Ве молиме обидете се со следниве решенија. Некои ситуации може да не бидат применливи на Вашиот уред. Кога ќе го вклучите Вашиот уред или додека го користите, уредот бара да се внесе еден од следниве кодови: • Лозинка: Кога е овозможено заклучувањето на уредот, Вие ќе морате да ја внесете лозинката што сте ја поставиле за уредот.
Додаток Екранот на допир реагира бавно или неправилно • Ако поставите заштитен капак или изборен додаток на екранот на допир, екранот на допир може да не функционира правилно. • Ако носите ракавици, ако Вашите раце не се чисти додека го допирате екранот на допир или ако го допирате екранот со остри предмети или со врвовите на Вашите прсти, екранот на допир може да функционира неисправно. • Екранот на допир може да функционира неисправно во влажни услови или кога е изложен на вода.
Додаток Се слуша ехо од звукот за време на разговорот Прилагодете ја јачината на тон со притискање на копчето за јачина на тон или преместете се во друга област. Доаѓа до чести прекини во врската со мобилната мрежа или со Интернет • Осигурете се дека не ја блокирате внатрешната антена на уредот. • Кога сте во подрачја со слаб сигнал или лош прием, може да изгубите прием. Може да имате проблеми со поврзувањето заради проблеми со базната станица на операторот.
Додаток Се појавуваат пораки за грешка кога се стартува камерата Вашиот уред мора да има доволно количина слободна меморија и енергија на батеријата за да работи апликацијата за камерата. Ако добивате пораки за грешка кога ја стартувате камерата, обидете се со следново: • Сменете ја батеријата. • Ослободете меморија со префрлување на некои од фајловите на компјутер или нивно бришење од уредот. • Рестартирајте го уредот.
Додаток Другиот уред со Bluetooth не може да се лоцира • Осигурете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на Вашиот уред. • Уверете се дека безжичната одлика Bluetooth е активирана на уредот на кој сакате да се поврзете. • Бидете сигурни дека Вашиот уред и другиот Bluetooth се во максимален Bluetooth опсег (10 м). Ако со горенаведените совети не се реши проблемот, контактирајте сервисен центар на Samsung.
Додаток Отстранување на батеријата • За да ја отстраните батеријата, мора да се обратите во овластен сервисен центар во приложените упатства. • За Ваша безбедност, не обидувајте се да ја отстраните батеријата. Ако батеријата не е соодветно отстранета, тоа може да доведе до оштетување на батеријата и уредот, да предизвика лична повреда, и/или да резултира со намалена безбедност на уредот.
Авторско право Авторско право © 2015 Samsung Electronics Овој водич е заштитен според меѓународните закони за авторски права. Ниеден дел од ова упатство за корисникот не смее да биде копиран, дистрибуиран, преведен или пренесен во која било форма или на кој било начин, електронски или механички, вклучувајќи фотокопирање, снимање, чување во кое било складиште за информации и систем за пронаоѓање, без претходна писмена дозвола од Samsung Electronics.