User Manual


2 
Поврзете ги RCA аудио каблите на “R - AUDIO - L” на задната страна од телевизорот а другите краеви на
соодветните влезни аудио приклучоци од засилувачот или DVD системот за домашно кино.
3 
Поддржано е поврзување меѓу AV уреди со HDMI можности (Set-Top Box уреди, DVD плеери)
Кај HDMI кон HDMI поврзувањето не се потребни дополнителни аудио врски.
Што е HDMI?
“High Denition Multimedia interface” (мултимедиски приклучок со висока резолуција) овозможува пренос на
дигитални видео податоци со висока резолуција и повеќеканален дигитален звук (5,1 канали).
HDMI/DVI приклучокот поддржува DVI поврзување со дополнителен уред со помош на соодветен кабел (не
се испорачува). Разликата помеѓу HDMI и DVI е во тоа што HDMI приклучокот има помали димензии, нуди
инсталирана функција за заштита од копирање HDCP (High Bandwidth Digital Copy Protection) и поддржува
повеќеканален дигитален звук.

При поврзувањето на овој производ преку HDMI или DVI со Set Top Box, DVD плеер, конзола за игри итн.,
поставете го во компатибилен видео излезен режим како што е прикажано на табелата подолу. Доколку не
го направите тоа може да настане изобличување на сликата, нејзино прекршување или воопшто да нема
слика.
При користење на поврзување со HDMI/DVI кабел, тоа е можно само преку HDMI 2 приклучокот.
За поврзување би требало да се користи DVI-кон-HDMI кабел или DVI-HDMI адаптер,
додека за звук треба да се користи “R - AUDIO - L” приклучок на DVI.
Поддржани режими за HDMI/DVI и компонентен приклучок
480i 480p 576i 576p 720p 1080i
HDMI/DVI 50Hz X X X O O O
HDMI/DVI 60Hz X O X X O O
Component O O O O O O
4 
За исправно гледање на телевизиските канали, уредот мора да прими сигнал од некој од следите извори:
надворешна антена / кабелска телевизија / сателитска мрежа
6 
Поврзете ги RCA или S-VIDEO каблите на соодветниот надворешен A/V уред како VCR, DVD или видео
камера.
Поврзете ги RCA аудио каблите на “R - AUDIO - L” на задната страна од телевизорот а другите краеви на
соодветните излезни аудио приклучоци од A/V уредот.
Случалките можете да ги прилкучите на излезот за слушалки (5) на задната страна од вашиот уред.
Додека се приклучени слушалките звукот од вградените звучници ќе биде исклучен.
7 
Поврзете го D- Sub кабелот (опционален) со “PC (PC IN)” на задната страна од телевизорот, а другиот крај
со видео картичката на вашиот компјутер.
Поврзете го стерео кабелот (опционален) со “AUDIO (PC IN)” на задната страна од телевизорот, а другиот
крај со “Audio Out” на звучната картичка на вашиот компјутер.
BN68-01177B-Mac-0307.indd 5 2007-03-07 �� 5:41:36