User manual
• Децата не треба да го чистат или да го оддржуваат
апаратот без надзор.
Општа безбедност
• Само квалификувано лице може да го монтира уредот
и да го замени кабелот.
• ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни
делови се вжештуваат за време на употребата. Треба
да се внимава да не се допираат грејачите.
• Секогаш користете ракавици за рерна за вадење или
ставање прибор или огноотпорни садови.
• Пред чистење и одржување, исклучете го уредот од
напојувањето.
• Пред да ја менувате сијалицата во печката, уверете се
дека уредот е исклучен, за да ја избегнете можноста од
струен удар.
• Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
• Не користете груби абразивни средства или остри
метални стругалки за да го чистите стаклото на
вратата, бидејќи тоа може да предизвика прскање на
стаклото.
• Доколку се оштети кабелот за напојување, тој треба да
биде заменет од страна на производителот, негов
Овластен сервисен центар или слично квалификувани
лица за да се избегне опасност.
• За да ги извадите држачите на решетките, повлечете
го предниот дел од држачот на решетката, а потоа
задниот крај настрана од страничните ѕидови.
Монтирајте ги држачите на решетките по обратен
редослед.
• Користете го само сензорот за храна (сензорот за
температура на средината) препорачан за овој апарат.
Progress 3










