User manual
Осветленост на екранот
Има два режима на осветленост на
екранот:
• Ноќна осветленост - кога апаратот е
исклучен, осветленоста на екранот е
помала меѓу 22 часот навечер и 6
часот наутро.
• Дневна осветленост:
– кога апаратот е всклучен.
– ако допрете сензорско поле при
ноќна осветленост (освен за
ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ),
екранот се враќа во режим на
дневна осветленост во следните
10 секунди.
– ако апаратот е исклучен и го
поставувате Потсетникот за
време. Кога ќе заврши
функцијата за Потсетникот за
време, екранот се враќа на ноќна
осветленост.
Вентилатор за ладење
Кога работи печката, вентилаторот за
ладење се вклучува автоматски за да
ги одржува ладни површините на
печката. Ако ја исклучите печката,
вентилаторот за ладење продолжува да
работи додека печката не се излади.
ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Видете
во поглавјата за заштита и
сигурност.
Температурата и времињата
на печење во табелите се
дадени само како водич. Тие
зависат од рецептите и
квалитетот и количината на
состојките што се
употребуваат.
Препораки за готвење
Вашата печка може да ги пече тестото
или месото различно од печката што
сте ја имале порано. Табелите дадени
подолу со стандардните поставки за
температура, време на готвење и
позиција на решетката.
Ако не можете да ги најдете
нагодувањата за одреден рецепт,
побарајте нешто слично.
Внатрешна страна на вратата
На внатрешната страна на вратата
можете да ги најдете:
• броевите на позиции на решетката.
• информации за функциите на
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени јадења.
Со Пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Внимавајте кога ја отворате
вратата на печката додека
работи функцијата. Може да
излезе пареа.
Стерилизација
Со оваа функција можете да ги
стерилизирате садовите (на пр.
шишињата за бебиња).
Ставете ги чистите садови во обратна
насока на средината на решетката на
првото ниво.
Наполнете ја фиоката со максималната
количина вода и поставете го времето
на 40 мин.
Готвење
Оваа функција Ви овозможува да ги
подготвите сите видови на храна, свежа
или смрзната. Може да ја користите за
готвење, загревање, динстање или
бланширање на зеленчук, месо, риба,
тестенини, ориз, гриз и јајца.
Можете да подготвите целосен оброк
со едно готвење. Гответе ги заедно
24 Progress










