Important Information Manual

Table Of Contents
104
Македонски
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го летокот со меѓународната гаранција.
Рециклирање
-
Овој симбол означува дека електричните производи и батерии не треба да се фрлаат во обичниот
отпад од домаќинствата (Сл. 3).
-
Придржувајте се до прописите во вашата земја за посебно собирање на електрични производи и
батерии.
Отстранување на вградена батерија на полнење
Вградената батерија на полнење мора да се отстранува само од страна на квалификуван
професионалец кога се фрла производот. Пред да ја отстранувате батеријата, проверете дали уредот
е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за
отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата на полнење.
Кога ракувате со батериите, осигурете се дека рацете, производот и батериите се
суви.
За да се избегне случаен краток спој на батериите по отстранувањето, не
дозволувајте терминалите на батериите да дојдат во контакт со метални предмети
(на пр., парички, шноли за коса, прстени). Немојте да ги виткате батериите во
алуминиумска фолија. Залепете ги терминалите на батериите или ставете ги
батериите во пластична кеса пред да ги фрлате.
За отстранување набатеријата на полнење, следете ги упатствата подолу.
1 Исклучете го уредот од ѕидниот штекер и оставете го да работи сѐ додека моторот не сопре.
2 Отстранете го садот за прав од уредот (Сл. 4).
3 Отшрафете ги трите шрафа што го прицврстуваат држачот на батеријата за куќиштето на уредот
(Сл. 5).
4 Извадете го држачот на батеријата од уредот (Сл. 6).
Работно време
XC8049, XC8047, XC8043 XC8045
Користење на уредот во режимот
Турбо моќност
До 28 минути До 28 минути
Користење на уредот во режимот
Нормална моќност (поставка 2)
До 35 минути До 35 минути
Користење на уредот во режимот
Еко моќност (поставка 1)
До 70 минути До 60 минути