User manual
1. Важни
безбедносни
упатства
Осигурете дека ги почитувате следниве
насоки кога ги користите Вашите слушалки.
• Слушајте со разумно ниво на јачина
на звукот, во текот на разумни
временски периоди.
• Бидете внимателни да не го
зголемувате постојано нивото на
јачината на звукот додека слушањето
Ви се навикнува.
• Не зголемувајте ја јачината на звукот
толку многу, што нема да можете да
чуете што се случува околу вас.
• Треба да бидете внимателни или
привремено да прекинете со
користење во потенцијално опасни
ситуации.
• Прекумерниот звучен притисок од
слушалките може да предизвика
губење на слухот.
• Користењето и на двете слушалки во
ушите додека возите не се
препорачува и може да биде
незаконско во некои региони.
• За Ваша безбедност, избегнувајте
одвлекување на вниманието поради
музика или телефонски повици
додека сте учесник во сообраќај или
во други потенцијално опасни
околини.
Опасност
За да избегнете оштетување на слухот,
ограничете го времето на користење на
слушалките со висока јачина на звукот и
поставете ја јачината на звукот на безбедно
ниво. Колку е погласен звукот, толку
пократко е времето за безбедно слушање.
Безбедност на слухот
Општи информации
За да избегнете оштетување или
неисправност:
Температури и влажност за работа и
складирање
• Складирајте на место каде
температурата е помеѓу -20 °C (-4 °F) и
50 °C (122 °F) до 90 % релативна
влажност.
• Ракувајте на место каде температурата
е помеѓу 0 °C (32 °F) и 45 °C (113 °F) до
90 % релативна влажност.
• Работниот век на батеријата може да
се намали во услови на висока или
ниска температура.
• Заменувањето на батеријата со
неточен тип претставува ризик за
сериозно оштетување на слушалките
и батеријата (на пример, во случаи на
одредени типови литиумски батерии).
Внимание
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина.
Не дозволувајте да Ви паднат слушалките.
Слушалките не смеат да бидат изложени на
капење или прскање од течност. (Погледнете
го IP-рејтингот за одреден производ)
Не дозволувајте Вашите слушалки да бидат
потопени во вода.
Немојте да ги полните слушалките кога
приклучокот или приклучницата се влажни.
Не користете средства за чистење што содржат
алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Ако е потребно чистење, за да го исчистите
производот користете мека крпа, а доколку е
неопходно, навлажнете ја со минимално
количество вода или разреден благ сапун.
Вградената батерија не смее да биде
изложена на прекумерна топлина, како што е
сончева светлина, пожар или слично.
Постои опасност од експлозија ако батеријата
е неточно заменета. Заменете само со ист или
еквивалентен тип.
За да се постигне одреден IP-рејтинг, капакот
на отворот за полнење мора да биде затворен.
Фрлањето на батеријата во оган или жешка
печка, или пак механичко згмечување или
сечење на батеријата може да резултира во
експлозија.
Оставањето на батеријата во околина со
екстремно висока температура може да
резултира во експлозија или протекување
запалива течност или гас.
Батерија што е подложна на екстремно низок
воздушен притисок може да резултира во
експлозија или протекување запалива
течност или гас.
2 MK