User Guide

MK6
3 Да почнеме
Наполнете ја батеријата
Забелешка
Пред да ги користите вашите слушалки,
ставете ги во футролата за полнење и
полнете ја батеријата 2 часа за оптимален
капацитет и век на траење на батеријата.
Користете го само оригиналниот USB-C кабел
за полнење за да избегнете оштетување.
Завршете го повикот пред полнењето.
Поврзувањето на слушалките за во уво за
полнење ќе ги исклучи.
Ако слушалките не се користат долго време,
батеријата што може да се полни ќе почне
да го губи полнењето. За да го избегнете ова,
полнете ја целосно батеријата барем еднаш
на три месеци.
Футрола за полнење
Приклучете го едниот крај од USB-C
кабелот во футролата за полнење и
другиот крај во изворот на енергија.
Совет
Футролата за полнење служи како преносна
резервна батерија за полнење на слушалките.
Кога футролата за полнење е целосно
наполнета, таа целосно ќе ги наполни
слушалките за во уво 2 пати.
Слушалките за во уво
Ставете ги слушалките за во уво во
футролата за полнење.
Слушалките за во уво почнуваат да
се полнат и се вклучува белото LED
светло
Кога слушалките за во уво се
целосно наполнети, белото светло
ќе се исклучи
Совет
Вообичаено, целосното полнење трае 2 часа
(за слушалките за во уво или за футролата за
полнење) со USB кабел.