User Guide

3MK
Фрлањето на батеријата во оган или во топла
печка, или механичко кршење или сечење на
батеријата може да доведе до експлозија.
Ако се остави батеријата во средина со
екстремно високи температури може да
дојде до експлозија или протекување на
запалива течност или гас.
Изложувањето на батеријата на екстремно
низок воздушен притисок може да доведе
до експлозија или протекување на запалива
течност или гас.
Замена на батеријата со несоодветен тип
претставува ризик од сериозно оштетување
на слушалките и батеријата (на пример, во
случај на некои типови на литиум батерии).
Ако слушалките не се користат долго време,
батеријата што може да се полни ќе почне
да го губи полнењето. За да го избегнете ова,
полнете ја целосно батеријата барем еднаш
на три месеци.
За да се избегне ризик од пожар, опремата
е снабдена само со надворешен извор
на енергија чијшто излез треба да биде
усолгасен со PS1 (со излезна моќ помала од
15W).
Температури за работење и чување и
влажност
Чувајте ги на места каде
температурата е помеѓу -20°C и
50°C со најмногу до 90% релативна
влажност.
Користете ги на места каде
температурата е помеѓу 0°C и 45°C
со најмногу до 90% релативна
влажност.
Траењето на батеријата може да
биде пократко во услови со висока
или ниска температура.