operation manual
2 МК
1 Важно
Безбедност
Предупредување
• Никогаш немојте да го вадите куќиштето на ова
радио со часовник.
• Никогаш немојте да подмачкувате ниту еден дел
од ова радио со часовник.
• Никогаш немојте да го поставувате ова радио со
часовник над друга електрична опрема.
• Чувајте го радиото со часовник подалеку од
директна сончева светлина, отворен пламен или
топлина.
• Уверете се дека секогаш имате лесен пристап до
кабелот за електрично напојување, приклучокот
или адаптерот за да го исклучите радиото со
часовник од електрично напојување.
• Прочитајте ги овие упатства.
• Придржувајте се на сите предупредувања.
• Следете ги сите упатства.
• Не блокирајте ниеден од отворите за
вентилација. Инсталирајте во согласност со
упатствата на производителот.
• Не инсталирајте во близина на никакви извори
на топлина како радијатори, греалки, печки или
други апарати (вклучувајќи и засилувачи) што
создаваат топлина.
• Заштитете го електричниот кабел од
нагазување или продупчување, особено кај
приклучоците, дополнителните приклучни
места на приклучница и местото каде што
истите излегуваат од радиото со часовник.
• Користете само додатоци/прибор наведени од
производителот.
• Исклучете го апаратот при бури со грмотевици
или кога не се користи долг временски период.
• За секакво сервисирање ангажирајте
квалификуван сервисен персонал.
Сервисирање е потребно кога апаратот е
оштетен на било кој начин, кога електричниот
кабел или приклучокот се оштетени, истурена
е течност или предмети паднале во апаратот,
апаратот бил изложен на дожд или влага, не
работи нормално или паднал.
• ВНИМАНИЕ при користење батерии -за да
спречите истекување на батериите што може
да доведе до телесна повреда, штета на имот
или штета на радиото со часовник:
• Инсталирајте ги сите батерии правилно, + и -
како што е означено на единицата.
• Извадете ги батериите кога единицата не се
користи долго време.
• Батеријата не треба да се изложува на
претерана топлина како сончева светлина,
оган или сл.
• Ова радио со часовник не треба да биде
изложено на капење или прскање.
• Не ставајте никакви извори на опасност
на радиото со часовник (на пр. предмети
наполнети со течност, запалени свеќи).
• Таму каде што приклучокот на адаптерот за
директно вклучување се користи како уред за
исклучување, уредот за исклучување треба да
остане лесно пристапен и употреблив.










