User manual

Преземете и инсталирајте ја апликацијата
Philips слушалки од продавницата на
Google Play или од Продавницата за
апликации на вашиот мобилен телефон.
Кога вашите слушалки се поврзани со
мобилниот телефон, можете да ја
стартувате апликацијата Philips слушалки
и да ги користите долунаведените
функции:
Преземете ја апликацијата
Philips слушалки
Внесете ја лозинката за слушалките „0000" (4
нули) ако ви биде побарано. За оние мобилни
телефони коишто ја имаат Bluetooth 3.0
функцијата или повисоко, нема потреба да
внесувате лозинка
Осигурете се дека слушалките се
целосно наполнети и исклучени.
Притиснете и задржете го копчето за
вклучување/исклучување(>6с), сината
и белата LED сијаличка трепкаат
наизменично, што значи дека
слушалките влегуваат во режимот за
Bluetooth спарување. Слушалките
остануваат во режимот на спарување
во текот на 5 минути.
Осигурете се дека мобилниот телефон
е вклучен, а неговата Bluetooth
функција е активирана.
Спарете ги слушалките со мобилниот
телефон. За подетални информации
погледнете во прирачникот за
корисникот на вашиот мобилен
телефон.
Пред за прв пат да ги користите
слушалките со вашиот мобилен телефон,
спарете ги со мобилниот телефон.
Успешното спарување воспоставува
уникатна шифрирана врска помеѓу
слушалките и мобилниот телефон.
Слушалките ги складираат последните 4
уреди во меморијата. Ако се обидете да
спарите повеќе од 4 уреди, последниот
спарен уред ќе биде заменет со новиот.
Спарете ги слушалките со
вашиот мобилен телефон
Вообичаено, целосното полнење трае 2 часа.
Поврзете го испорачаниот USB кабел за
полнење со прорезот за полнење на
слушалките и полначот/USB портата на
компјутерот.
LED светлото почнува да свети бело за
време на полнењето и се исклучува кога
слушалките се потполно наполнети.
Пред да ги користите вашите слушалки за прв пат,
ставете ги слушалките во кутијата за полнење и
полнете ја батеријата во текот на 2 часа, заради
оптимален капацитет и работен век на батеријата.
Користете го само оригиналниот кабел за USB
полнење, за да избегнете некакво оштетување.
Завршете го вашиот повик пред да го започнете
полнењето на слушалките, затоа што поврзувањето
на слушалките за полнење ќе ги исклучи
слушалките.
3 Почнете
Забелешка
Совет
Совет
Наполнете ја батеријата
Прилагодете ја јачината на звукот
Прилагодете го еквилајзерот
Проверете го статусот на преостанатото
ниво на батерија
Ажурирање на софтвер за
слушалки
MK