User manual

1 Важни
безбедносни
упатства
MK
Безбедност на слухот
Опасност
Општи информации
За да се избегне оштетување или дефект:
Внимание
За да го избегнете оштетувањето на слухот,
ограничете го времето на користење на слушалките
со висока јачина на звукот и поставете ја јачината на
звукот на безбедно ниво. Колку што е погласен звукот,
толку е пократко времето на безбедно слушање.
Осигурете се дека ги почитувате следните
упатства, кога ги користите вашите
слушалки.
Слушајте со разумно ниво на јачина на
звук, во текот на разумни временски
периоди.
Внимавајте постојано да не ја
зголемувате јачината на звукот, бидејќи
вашиот слух се прилагодува на неа.
Не зголемувајте ја јачината на звукот
толку многу да не можете да чуете што
се случува околу вас.
Треба да бидете претпазливи или
привремено да прекинете со употребата
во потенцијално опасни ситуации.
Прекумерниот звучен притисок од
слушалките може да предизвика губење
на слухот.
Не се препорачува користењето на
слушалките кои ги покриваат двете уши
додека возите и може да биде нелегално
во некои области.
Заради ваша безбедност избегнувајте го
одвлекувањето на вниманието од страна
на музиката или телефонските повици,
додека се наоѓате во сообраќај или во
некои други потенцијално опасни
средини.
Не изложувајте ги слушалките на прекумерна
топлина
Не дозволувајте да ви паднат слушалките.
Слушалките не смеат да бидат изложени на капење
или
прскање со вода.
Не дозволувајте вашите слушалки да бидат потопени
во вода.
Не користете било какви средства за чистење што
содржат алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Ако е потребно чистење користете мека крпа, по
потреба натопена во минимално количество на вода
или растворен благ сапун, за чистење на
производот.
Интегрираната батерија не смее да биде изложена
на прекумерна топлина, како што е сончева
светлина, оган или слични нешта.
Постои опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета. Заменете ја со ист или
еквивалентен вид.
За работењето и температурите за
складирање и влажноста
Користете ги или чувајте на место
каде што температурата е помеѓу
-20°C (4°F) и 60°C (140 °F) (до 90%
релативна влажност.
Работниот век на батеријата може да
се намали во услови на висока или
ниска температура.