User manual
Усогласеност со EMF
Овој производ е во согласност со сите
применливи стандарди и одредби во врска
со изложеноста на електромагнетни
полиња.
Информации за животната
средина
Сето непотребно пакување е изоставено. Се
обидовме да го олесниме одвојувањето на
пакувањето на три материјали: картонска
(кутија), полистиренска пена (тампон) и
полиетилен (врекички, заштитен лист од
пена).
Вашиот систем се состои од материјали кои
можат да се рециклираат и повторно да се
користат, доколку бидат расклопени од
страна на специјализирана компанија. Ве
молиме почитувајте ги локалните
регулативи во врска со отстранувањето на
материјалите за пакување, потрошените
батерии и старата опрема.
Вашиот производ е дизајниран и произведен
со висококвалитетни материјали и
компоненти, кои можат да се рециклираат и
да бидат повторно искористени.
Отстранете ја интегрираната
батерија
Ако во вашата земја не постои систем за
собирање/рециклирање на електронски
производи, можете да ја заштитите
животната средина со отстранување и
рециклирање на батеријата пред фрлање на
слушалките.
• Осигурете се дека слушалките се
извлечени од кутијата за полнење, пред
да ја отстраните батеријата.
Овој симбол на производот значи дека
производот е опфатен со Европската
Директива 2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи
вградена батерија на полнење опфатена со
Европската Директива 2013/56/EU која не
може да се фрли заедно со нормалниот
отпад
од домаќинството. Цврсто ве
советуваме да го однесете вашиот производ
до службениот собирен центар или до
Philips-овиот сервисен центар, кадешто
квалификувано лице ќе ја отстрани
батеријата на полнење. Информирајте се за
локалните системи за одделно собирање на
електрични и електронски производи и
батерии на полнење. Следете ги локалните
правила и никогаш не отстранувајте го
производот и батеријата на полнење заедно
со нормалниот отпад од домаќинството.
Правилното отстранување на старите
производи и батерии на полнење, помага во
спречувањето на негативните последици по
животната средина и здравјето на човекот.
MK
Декларација за сообразност
Со ова, MMD Hong Kong Holding Limited
изјавува дека овој производ е во согласност
со суштинските барања и другите
релевантни одредби од Директивата
2014/53/EU. Декларацијата за сообразност
можете да ја најдете на
www.p4c.philips.com.
6 Известување
Отстранување на вашиот
стар производ и батерија