User manual

МК4
Грижа за вашиот производ
Користете само крпа од микрофибер за
чистење на производот.
Грижа за животната средина
Фрлање на вашиот стар производ и батерија
Вашиот производ е дизајниран и изработен од
материјали и компоненти со висок квалитет,
кои може да се рециклираат и повторно да се
користат.
Овој симбол на производот значи дека
производот е опфатен од Европската Директива
2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи
батерии опфатени од Европската Директива
2013/56/EU кои не може да се фрлаат со обичен
отпад од домаќинството.
Информирајте се за локалниот систем
за издвоено собирање на електрични и
електронски производи и батерии. Следете
ги локалните правила и никогаш не фрлајте го
производот и батериите со обичниот отпад од
домаќинството. Правилното фрлање на стари
производи и батерии помага да се спречат
негативните последици по животната средина
и човековото здравје.
Вадење на батериите за фрлање
Да ги извадите батериите за фрлање, видете го
делот инсталирање на батерија.
Усогласеност
Овој производ е усогласен со барањата за
радиоинтерференција на Европската Заедница.
Со ова, TP Vision Europe B.V. изјавува дека овој
производ е во согласност со основните барања
и другите релевантни одредби содржани
во Директивата 2014/53/ЕУ. Изјавата за
усогласеност може да ја најдете на
www.p4c.philips.com.