User manual
12 MK
8 Често
поставувани
прашања
Моите Bluetooth слушалки не се
вклучуваат.
Нивото на батерија е премногу ниско.
Наполнете ги слушалките.
Не можам да ги спарам моите
Bluetooth слушалки со мојот
Bluetooth уред.
Bluetooth е деактивиран. Вклучете ја
карактеристиката Bluetooth на вашиот
Bluetooth уред и вклучете го Bluetooth
уредот пред да ги вклучите слушалките.
Bluetooth уредот не може да ги најде
слушалките.
• Слушалките можеби се поврзани со
уредот со кој претходно биле спарени.
Исклучете го поврзаниот уред или
отстранете го надвор од опсег.
• Спарувањето можеби било ресетирано
или слушалките претходно биле
спарени со друг уред. Спарете ги
повторно слушалките со Bluetooth
уредот како што е опишано во
упатството за користење. (Видете
„Спарете ги слушалките со вашиот
мобилен телефон“ на страница 5.)
Моите Bluetooth слушалки се
поврзани со Bluetooth мобилен
телефон со овозможено стерео,
но музиката е пуштена само на
звучникот на мобилниот телефон.
Погледнете во упатството за користење
на вашиот телефон. Изберете да слушате
музика преку слушалките.
Квалитетот на аудиото е лош и се
слуша звук на пукање.
• Bluetooth уредот е надвор од опсегот.
Намалете го растојанието помеѓу
вашите слушалки и Bluetooth уредот или
отстранете ги препреките помеѓу нив.
• Наполнете ги вашите слушалки.
Квалитетот на аудиото е лош кога
стримингот од мобилен телефон
е многу бавен или стримингот
воопшто не работи.
Уверете се дека вашиот мобилен телефон
освен што поддржува (моно) HFP исто така
поддржува A2DP и е BT4.0x (или повисоко)
компатибилен (видете „Технички податоци“
на страница 8).
Можам да слушам но, не можам да
ја контролирам музиката на мојот
Bluetooth уред (на пример: пушти/
паузирај/прескокни напред/назад).
Уверете се дека изворот на аудио на
Bluetooth поддржува AVRCP (видете
„Технички податоци“ на страница 8).
Јачината на звукот на слушалките е
премногу ниска.
Некои Bluetooth уреди не можат да го
поврзат нивото на звук со слушалките преку
синхронизација на јачина на звук. Во тој
случај, прилагодете ја јачината на вашиот
Bluetooth уред одделно, за да постигнете
соодветна јачина на звук.
Не можам да ги поврзам слушалките
со друг уред, што да правам?
• Осигурете се дека функцијата Bluetooth
на уредот што бил претходно спарен е
исклучена.
• Повторете ја постапката за спарување
на вашиот втор уред (видете „Спарете
ги слушалките со вашиот мобилен
телефон“ на страница 5).
За понатамошна поддршка,
посетете ја www.philips.com/support