User manual

MK2
1 Важно
упатство за
безбедност
Безбедност при слушање
Опасност
За да избегнете оштетување на слухот,
ограничете го времето на користење на
слушалките со голема јачина и поставете ја
јачината на безбедно ниво. Колку е поголема
јачината, толку е пократко безбедното време за
слушање.
Уверете се дека ги почитувате следните
насоки кога ги користите слушалките за во
уво.
Слушајте на разумна јачина во разумни
временски периоди.
Внимавајте да не ја зголемувате јачината
постојано на погласно како што ви се
адаптира слухот.
Не ја пуштајте јачината толку многу што
нема да можете да слушнете што се
случува околу вас.
Треба да внимавате или привремено
да го прекинете користењето во
потенцијално опасни ситуации.
Прекумерен притисок од звукот од
слушалките за уши и слушалките може да
предизвика оштетување на слухот.
Не се препорачува да ги користите
слушалките ставени на двете уши додека
возите, а може да биде незаконски во
некои области.
За ваша безбедност, избегнувајте
музиката или телефонски повици да ви го
одвлечат вниманието додека сте учесник
во сообраќај или во други потенцијално
опасни средини.
Општи информации
Да се избегне оштетување или расипување:
Внимание
Не ги изложувајте слушалките на прекумерна
топлина.
Не ги фрлајте слушалките.
Слушалките не смеат да бидат изложени на
капење на течност или прскање. (Проверете во IP
рангирање за специфичен производ)
Не дозволувајте слушалките да се потопуваат во
вода.
Не ги полнете слушалките кога конекторот или
штекерот е мокар.
Не користете средства за чистење што содржат
алкохол, амонијак, бензен или абразиви.
Ако треба да се чистат, користете мека крпа,
навлажнета со минимално количество вода или
растопен благ сапун за да се исчисти производот.
Интегрираната батерија не смее да се изложува
на прекумерна топлина, на пример на сонце, оган
или слично.
Има опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета. Да се замени само со ист
или еквивалентен вид.
За да се постигне одредено IP рангирање,
поклопецот за полнење мора да биде затворен.
Фрлањето на батеријата во оган или во топла
печка, или механичко кршење или сечење на
батеријата може да доведе до експлозија.
Ако се остави батеријата во средина со
екстремно високи температури може да дојде до
експлозија или протекување на запалива течност
или гас.
Изложувањето на батеријата на екстремно низок
воздушен притисок може да доведе до експлозија
или протекување на запалива течност или гас.
Температура на складирање и влажност
Чувајте ги на места каде температурата
е помеѓу -20°C и 50°C со најмногу до 90%
релативна влажност.
Користете ги на места каде температурата
е помеѓу 0°C и 45°C со најмногу до 90%
релативна влажност.
Траењето на батеријата може да биде
пократко во услови со висока или ниска
температура.
Замена на батеријата со несоодветен
тип претставува ризик од сериозно
оштетување на слушалките и батеријата
(на пример, во случај на некои типови на
литиум батерии).