operation manual

15MK
Осигурете се дека футролата
за полнење е исклучена од USB
кабелот за полнење пред да ја
отстраните батеријата.
Усогласеност со EMF
(Електромагнетни
полиња)
Овој производ е во согласност со сите
важечки стандарди и прописи во врска
со изложеност на електромагнетни
полиња.
Информација за
животната средина
Сите непотребни пакувања
се избегнати. Се обидовме да
овозможиме пакувањето лесно да
може да се одвои на три материјали:
картон (кутија), полистирен пена
(тампон) и полиетилен (кесиња,
заштитна облога од пена).
Вашиот систем се состои од материјали
кои може да бидат рециклирани
и повторно искористени ако ги
расклопи специјализирана компанија.
Почитувајте ги локалните прописи
во врска со отстранувањето на
материјалите од пакувањето,
потрошените батерии и старата
опрема.
Белешка за усогласеност
Уредот е во согласност со правилата
FCC, Дел 15. Работењето е предмет на
следните два услова:
1. Овој уред не може да предизвикува
штетно попречување, и
2. Овој уред мора да прифати
какво било попречување што
ќе го прими, вклучително и
попречување што ќе предизвика
несакано работење.