User manual
3 Почнете
Наполнете ја батеријата
Кутија за полнење
Ставете го едниот крај на USB-C кабелот во
кутијата за полнење, а другиот крај во
изворот на напојување.
Совет
Слушалки
Ставете ги слушалките во кутијата за
полнење.
• Слушалките почнуваат да се полнат и се
пали сината LED сијаличка
• Кога слушалките се целосно наполнети,
сината сијаличка ќе се исклучи
Полнење на батеријата со безжичен
полнач.
Безжично полнење
Кутијата за полнење има вграден калем за
безжично полнење. Можете да ја наполните
батеријата со користењето на безжичниот
полнач или некој друг уред што функционира
како безжичен полнач.
Внимание
5 MK
Пред да ги користите вашите слушалки, ставете ги
во кутијата за полнење и полнете ја батеријата во
текот на 2 часа, заради оптимален капацитет и
траење на батеријата.
Користете само оригинален USB-C кабел за
полнење, за да избегнете било какви оштетувања.
Завршете го вашиот повик пред полнењето.
Поврзувањето на слушалките за полнење, ќе ги
исклучи слушалките.
Забелешка
Кутијата за полнење служи како преносна
резервна батерија за полнење на слушалките. Кога
кутијата за полнење е целосно наполнета, таа
целосно ќе ги наполни слушалките 3 пати.
Мерки на претпазливост за безжичното полнење
Не ставајте ја кутијата за полнење на безжичниот
полнач кога некои спроводливи материјали, како
што се метални предмети и магнети, се ставени
помеѓу кутијата за полнење и безжичниот полнач.
Кутијата за полнење држете ја подалеку од високи
температури и извори на вода. Кутијата може да се
загрее за време на полнењето. Тоа е нормално.
• Ставете ги слушалките во кутијата за
полнење
• Затворете го капакот на кутијата за
полнење
• Ставете ја кутијата за полнење во центарот
на безжичниот полнач
• Кога целосно ќе се наполни, извадете ја
кутијата за полнење од безжичниот полнач
За целосно полнење потребни се 4 часа преку
безжичното полнење.
Совет
Вообичаено за целосно полнење се потребни
2 часа (за слушалки или кутија за полнење) преку
USB кабел.
Совет










