User manual
Не допирајте ги главите за бричење со
тврди предмети бидејќи тоа може да ги
набие или оштети прецизно направените
чешели со прорези.
Не користете абразивни средства, жица за
чистење или агресивни течности, како што
се бензин или ацетон за чистење на уредот
за бричење.
Чистење на уредот за бричење под млаз вода од
чешма
За оптимално бричење чистете го уредот за
бричење по секое бричење.
Секогаш проверувајте дали водата е премногу
жешка, за да спречите да си ги изгорите
рацете.
Никогаш не сушете ја единицата за бричење со
крпа или ткаенина, бидејќи тоа може да ги
оштети главите за бричење.
Додека ја плакнете единицата за бричење, од
долниот дел на уредот за бричење може да
капе вода. Тоа е нормална појава.
1 Вклучете го уредот за бричење.
2 Исплакнете ја единицата за бричење под
топол млаз на чешма.
3 Исклучете го уредот за бричење. Извадете го
држачот на главата за бричење од долниот
дел на единицата за бричење.
334
Македонски