User manual
Преостанат полнеж на батеријата
Преостанатиот полнеж на батеријата е
прикажан со светлата на индикаторот за
полнеж на батеријата кои постојано светат.
Потсетник „откачи за користење“
Симболот „откачи за користење“ трепка за да
ве потсети да го исклучите уредот за бричење
од ѕидниот приклучок пред да можете да го
вклучите.
Потсетник за чистење
За оптимално бричење (видете 'Чистење и
одржување') чистете ја машинката за бричење
по секое бричење. Кога ќе го исклучите уредот
за бричење, почнува да трепка потсетникот за
чистење, за да ве потсети да го исчистите
уредот за бричење.
Заклучување за патување
Може да го заклучите уредот за бричење кога
одите на пат. Заклучувањето за патување
спречува уредот за бричење да се вклучи по
грешка (видете 'Активирање на заклучувањето
за патување').
326
Македонски