User manual
на батеријата почнуваат последователно да
светкаат бело една по една. Кога батеријата ќе
има доволно енергија за едно бричење,
долното светло од индикаторот за полнеж на
батеријата почнува да трепка бело полека.
Како уредот за бричење продолжува да се
полни, прво долното светло од индикаторот за
полнеж на батеријата трепка бело, а потоа
светнува бело постојано. Потоа второто светло
трепка и светнува постојано и така натаму, сè
додека уредот за бричење не се наполни
целосно.
Целосно наполнета батерија
Забелешка: Овој уред за бричење може да се
користи само без кабел.
Кога батеријата е целосно наполнета, сите
светла на индикаторот за полнеж на батеријата
светат постојано бело.
Забелешка: Кога ќе притиснете на копчето за
вклучување/исклучување за време или после
полнење, светнува симболот „откачи за
користење“ кој покажува дека уредот за
бричење е сè уште приклучен на ѕидниот
приклучок.
Забелешка: Кога батеријата е целосно
наполнета, дисплејот автоматски се исклучува
по 30 минути.
Празна батерија
Кога батеријата е речиси празна, долното
светло на индикаторот за полнежот на
батеријата трепка црвено.
325
Македонски