User manual
Македонски
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во
Philips! За целосно да ја искористите
поддршката која ја нуди Philips, регистрирајте
го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Ве молиме да го прочитате ова упатство за
користење бидејќи тоа содржи информации за
одликите на овој уред за бричење како и некои
совети за полесно и попријатно бричење.
Општ опис (Слика 1)
1 Додаток за прецизно потстрижување што се
става со кликање
2 Единица за бричење со комора за влакна
3 Копче за вклучување/исклучување
4 Копче Turbo+
5 Потсетник за замена
6 Потсетник за чистење
7 Симбол за заклучување за патување
8 Симбол „откачи за користење“
9 Индикатор за полнеж на батеријата
10 Штекер за мал приклучок
11 Единица за напојување
12 Мал приклучок
13 Торбичка
Важни безбедносни информации
Внимателно прочитајте ги овие важни
информации пред да ги користите уредот и
неговите додатоци и зачувајте ги за во иднина.
Испорачаните додатоци може да се
разликуваат за различни производи.
321
Македонски