User manual

Замена
Замена на главите за бричење
За максимални резултати во бричењето, ве
советуваме да ги менувате главите за бричење
на секои две години. Веднаш заменете ги
оштетените глави за бричење. Секогаш
заменувајте ги главите за бричење со
оригинални глави за бричење од Philips.
1 Исклучете го уредот за бричење и откачете
го од ѕидниот приклучок.
2 Притиснете го копчето за ослободување на
единицата за бричење за да ја отворите.
Извлечете ја единицата за бричење од
уредот за бричење.
2
1
3 Завртете ја бравата во насока спротивна на
стрелките на часовникот и отстранете ја
рамката за прицврстување. Ставете ја
настрана на безбедно место.
4 Извадете ги главите за бричење од
единицата за бричење.
Веднаш фрлете ги искористените глави за
бричење за да избегнете да ви се измешаат
со новите.
5 Ставете нови глави за бричење во
единицата за бричење.
Забелешка: Осигурете се дека жлебовите на
двете страни од главите за бричење точно
се вклопуваат со запците на држачот за
главата за бричење.
236
Македонски