User manual

ексклузивно со овој уред, во период од 3
недели.
- Ако не сте бричени повеќе од три дена, за
најпријатно бричење прво поткастрете ја
брадата.
Секвенца на стартување
Кога за прв пат ќе го притиснете копчето за
вклучување/исклучување, светлото за полнеж
на батеријата светка нерамномерно.
Пред употреба наполнете го уредот за
бричење.
Вклучување и исклучување на уредот за бричење
1 За да го вклучите или исклучите уредот за
бричење, притиснете го еднаш копчето за
вклучување/исклучување.
Бричење на суво
1 Вклучете го уредот за бричење.
2 Движете ги главите за бричење преку
кожата со прави и со кружни движења за да
ги фатите сите влакна што растат во
различни насоки. Благо притискајте за
подлабоко, удобно бричење.
Забелешка: Не притискајте премногу силно,
тоа може да ја иритира кожата.
3 По секое користење, исклучувајте го и
чистете го уредот за бричење.
4 Ставете го заштитното капаче на уредот за
бричење за да ги заштитите главите за
бричење.
232
Македонски