User manual
Целосно наполнета батерија
Кога батеријата е целосно наполнета, светлото
за полнеж на батеријата свети постојано
зелено.
Забелешка: По приближно 30 минути, светлото
за полнеж на батеријата се исклучува за да се
заштеди енергија.
Користење на уредот за бричење
Пред употреба, секогаш проверувајте го
уредот за бричење и сите додатоци. Не
користете ги уредот за бричење или кој било
додаток доколку се оштетени, бидејќи тоа
може да предизвика повреда. Секогаш
заменувајте го оштетениот дел со оригинален.
Овој симбол покажува дека уредот може да се
плакне под млаз вода од чешма.
- Овој уред за бричење користете го само за
неговата предвидена домашна употреба,
онака како што е опишано во ова упатство.
- Од хигиенски причини, уредот за бричење
треба да го користи само едно лице.
- Потстрижувањето е полесно кога кожата и
влакната се суви.
Забелешка: Овој уред за бричење може да се
користи само без кабел.
Период за приспособување на кожата
Првите бричења може да не ви го дадат
очекуваниот резултат, па дури и вашата кожа
може малку да се иритира. Тоа е нормално. На
вашата кожа и на брадата им треба време да
се прилагодат на секој нов систем за бричење.
За да овозможите кожата да се прилагоди на
новиот уред, ве советуваме да се бричите
редовно (барем 3 пати неделно) и тоа
231
Македонски