Important Information Manual

Table Of Contents
Вадење на батеријата на полнење
на уредот за бричење
Батеријата на полнење можете да ја
извадите само кога ќе го фрлате уредот за
бричење. Пред да ја извадите батеријата,
проверете дали уредот за бричење е
откачен од ѕидниот приклучок и дали
батеријата е целосно празна.
Преземете ги сите неопходни мерки на
претпазливост кога ракувате со алати за да
го отворите уредот за бричење и кога ја
фрлате батеријата на полнење.
1 Отстранете го додатокот што се прикачува
со кликнување од уредот.
2 На горниот дел од уредот, вметнете
шрафцигер помеѓу црниот цилиндар и
сребрениот прстен. Присилно извлечете го
сребрениот прстен од уредот и отстранете ја
горната плоча.
3 Отшрафете ги двата шрафа и отстранете ја
рамката.
4 Отстранете ги двата црни капаци и
извлечете го предното куќиште од уредот со
лизгање.
5 Отшрафете ги двата шрафа на горниот дел
од внатрешната плоча.
6 Поставете шрафцигер помеѓу усните на
внатрешната плоча и свиткајте ги настрана.
Потоа отстранете ја внатрешната плоча.
7 Подигнете ја печатената плоча со батеријата
на полнење.
8 Свиткајте ги изводите на батеријата
настрана со шрафцигер.
9 Извадете ја батеријата на полнење.
Гаранција и поддршка
Доколку ви се потребни информации или
поддршка, посетете ја страницата
www.philips.com/support или прочитајте го
летокот со меѓународната гаранција.
Ограничување на гаранцијата
Главите за бричење (сечилата и штитниците) не
се опфатени со условите на меѓународната
гаранција затоа што се подложни на трошење.