Important Information Manual

Table Of Contents
- Секогаш осигурувајте се
дека базата за полнење е
целосно сува пред да ја
поврзете со ѕидниот
приклучок.
- За плакнење на бричот,
никогаш не користете вода
потопла од 60°C.
- Уредот користете го само
за неговата предвидена
намена како што е
прикажано во упатството за
користење.
- Од безбедносни причини
немојте да го користите
електричниот брич додека
возите автомобил.
- Од хигиенски причини,
уредот треба да го користи
само едно лице.
- Немојте да користите
компримиран воздух,
абразивни сунѓери,
абразивни средства за
чистење или агресивни
течности, како што се
бензин или ацетон за
чистење на уредот.
- Не ставајте го уредот или
кој било дел во машина за
миење садови.
- Од бричот може да излезе
вода откако ќе го
исплакнете. Ова е
нормално и не е опасно
затоа што сета електроника
е затворена во запечатена
единица за напојување во
внатрешноста на уредот за
бричење.
- Не користете ја единицата
за напојување на или близу
до ѕидни приклучоци што
содржат електрични
освежувачи за воздух за да
спречите непоправлива
штета на единицата за
напојување.
- Не користете го уредот на
сува, испукана кожа, на
отворени рани, рани што
зараснуваат, кожа што
закрепнува по операција
или доколку страдате од
кожна болест или иритација
на кожата, како што се
тешки форми на акни,
изгореници од сонце,
кожни инфекции, рак на
кожа, воспаленија, егзема,
псоријаза, алергија на
најлон итн.
- Не користете го уредот ако
земате лекови на база на
стероиди.
- Ако имате пирсинг на
лицето, отстранете го пред
да ги користите додатоците
што се прикачуваат со
кликнување или осигурете
се дека нема да го
користите уредот врз или
во близина на пирсингот.