User manual
1 Важни
безбедносни
упатства
Заштитанаслух
Опасност
• За да се избегне оштетување на слухот,
ограничете го времето на користење на
слушалките со голема јачина на звук и
поставете ја јачината на звук на безбедно ниво.
Колку е поголема јачината на звук, толку е
пократко времето на безбедно слушање.
Уверете се дека ги почитувате следните упатства
кога ги користите слушалките.
Слушајте на разумни јачини на звук, во разумно
времетраење.
• Внимавајте да не ја засилувате јачината на
звук постојано како што ќе се навикнувате
на слушањето.
• Не пуштајте ја јачината на звук толку силно
за да не можете да слушате што се случува
околу вас.
• Треба да користите внимателно или
повремено да го прекинувате користењето
во потенцијално опасни ситуации.
• Прекумерниот звучен притисок од
слушалките може да предизвика загуба на
слух.
• Користењето на слушалки со покривање на
двете уши не се препорачува додека возите
и може да е нелегално во некои подрачја
додека возите.
• За ваша безбедност, избегнувајте
одвлекување на вниманието од музика или
телефонски повици додека сте во сообраќај
или во други потенцијално опасни средини.
Општиинформации
За да избегнете штета или дефект:
Внимание
• Не изложувајте ги слушалките на преголема
жештина.
• Не испуштајте ги слушалките.
• Слушалките не треба да бидат изложени на
капење и прскање.
• Не дозволувајте слушалките да бидат потопени
во вода.
• Не користете средства за чистење што содржат
алкохол, амонијак, бензин или абразиви.
• Ако е потребно чистење користете мека крпа,
ако е неопходно навлажнете ја минимално
со вода или разредено нежно средство за
чистење, за да го исчистите производот.
• Интегрираната батерија не треба да се
изложува на прекумерна топлина како на
сонце, оган или слично.
• Опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета. Заменете само со ист
или со еквивалентен тип.
За работењето и температурите на складирање
и влажноста
• Користете ги или складирајте ги на место
каде температурата е помеѓу -15°C (5°F) и
55°C (131 °F) (до 90% релативна влажност.
• Работниот век на батеријата може да се
скрати при услови на висока или ниска
температура.
МК2