User manual

МК10
7 Често
поставувани
прашања
Моите Bluetooth слушалки не се вклучуваат.
Нивото на батерија е ниско. Наполнете ги
слушалките.
Не можам да ги спарам Bluetooth слушалките со
мобилен телефон.
Bluetooth е оневозможен. Овозможете ја
карактеристиката Bluetooth на вашиот мобилен
телефон и вклучте го мобилниот телефон пред
да ги вклучите слушалките.
Спарувањето не функционира.
Уверете се дека слушалките се во режим на
спарување.
Следете ги чекорите опишани во
корисничкото упатство.
Уверете се дека ЛЕД светилката светка сино
и црвено наизменично пред да го пуштите
копчето повик/музика. Не престанувајте
да го држите копчето ако го гледате само
синото ЛЕД светло.
Мобилниот телефон не може да ги најде
слушалките.
Слушалките можеби се поврзани со
претходно спарениот уред. Исклучете го
поврзаниот уред или тргнете го од опсег.
Спарувањето можеби е ресетирано или
слушалките претходно биле спарени со друг
уред. Спарете ги слушалките со мобилниот
телефон повторно како што е опишано во
корисничкото упатство.
Моите Bluetooth слушалки се поврзани на
мобилен телефон со Bluetooth со овозможено
стерео, но музика се репродуцира само од
звучникот на мобилниот телефон. Погледнете
го корисничкото упатство на вашиот мобилен
телефон. Изберете да слушате музика преку
слушалките.
Квалитетот на аудиото е слаб и може да се
слушне звук на потпукнување.
Bluetooth уредот е надвор од опсег. Намалете
ја далечината помеѓу слушалките и Bluetooth
уредот, или отстранете ги пречките помеѓу нив.
Квалитетот на аудиото е слаб кога преносот од
мобилниот телефон е многу бавен, или аудио
преносот не функционира воопшто.
Уверете се дека вашиот мобилен телефон не
поддржува само (моно) HSP/HFP туку исто така
поддржува A2DP (видете „Технички податоци“ на
страница 7).
Ја слушам но не можам да ја контролирам
музиката на мојот Bluetooth уред (пр.
репродуцирај/паузирај/прескокни нанапред/
наназад).
Уверете се дека изворот на Bluetooth аудио
поддржува AVRCP (видете „Технички податоци“
на страница 7).
За понатамошна поддршка, посетете
www.philips.com/support.