User manual

МК 9
Овој производ содржи батерија што не се вади.
Да не се спалува. Батеријата може да
експлодира ако се прегрее.
За информации за фрлање или
рециклирање, контактирајте ги вашите
локални власти или посетете
www.recycle.philips.com.
Вашиот производ е дизајниран и изработен
од материјали и компоненти со висок квалитет,
кои може да се рециклираат и повторно да се
користат.
Овој симбол на производот значи дека
производот е опфатен од Европската Директива
2012/19/EU.
Овој симбол значи дека производот содржи
вградена батерија што повторно се полни
опфатена од Европската Директива 2013/56/
EU која не може да се фрла со обичен отпад од
домаќинството. Ве советуваме да го однесете
вашиот производ на официјално место за
собирање или во сервисен центар на Philips за
професионалец да ја отстрани батеријата што
повторно се полни.
Информирајте се за локалниот систем
за издвоено собирање на електрични и
електронски производи и батерии што повторно
се полнат. Следете ги локалните правила и
никогаш не фрлајте го производот и батериите
што повторно се полнат со обичен отпад од
домаќинството. Правилното фрлање на стари
производи и батерии што повторно се полнат
помага да се спречат негативните последици по
животната средина и човековото здравје.
Отстранувањенаинтегрираната
батерија
Напомена
Уверете се дека слушалките се исклучени од
УСБ-кабелот за полнење пред да ја извадите
батеријата
.
Ако нема систем за собирање/рециклирање на
електронски производи во вашата земја, може
да ја заштитите животната средина со вадење
и рециклирање на батеријата пред фрлање на
слушалките.
УсогласеностсоИЕП
Овој производ соодветствува со сите
применливи стандарди и прописи кои се
однесуваат на изложеност на електромагнетни
полиња.
Информации за животната средина
Избегнато е секакво непотребно пакување. Се
обидовме да направиме пакувањето да биде
лесно да се издвои на три материјали: картон
(кутија), полистиренска пена (заштитник) и
полиетилен (торбички, лист од заштитна пена).
Вашиот систем содржи материјали кои може да
бидат рециклирани и повторно искористени
ако се издвојат од специјализирана компанија.
Почитувајте ги локалните прописи во врска
со фрлањето на материјалите за пакување,
истрошени батерии и стара опрема.
Заштитнизнаци
Bluetooth
Логотипот и логото Bluetooth
®
се регистрирани
заштитни знаци во сопственост на Bluetooth
SIG, Inc. и секоја употреба на таквите ознаки од
MMD Hong Kong Holding Limited е лиценцирана.
Други заштитни знаци и трговски имиња се оние
на нивните соодветни сопственици.