User Manual
Table Of Contents
- 7 -
- Исклучете го уредот и извлечете го приклучокот од штекер
пред замена на додатоците или пристапување до деловите
што се движат при употреба�
- Бидете внимателни при ракувањето со острите сечила кога
го празните бокалот и при чистењето�
- Секогаш исклучувајте го уредот од напојувањето ако го
оставате без надзор�
- Децата не смеат да го чистат уредот ниту да го одржуваат�
- Ниво на бучава: Lc= 89 dB(A)�
Безбедносен систем
Уредот има вграден безбедносен механизам� Уредот ќе работи само ако сите делови
правилно ги склопите на моторната единица� Ако правилно се склопат сите делови,
вградениот безбедносен механизам ќе се отклучи�
Уредот има и заштита од прегревање� До прегревање може да дојде ако времето
помеѓу две готвења на пареа е прекратко, ако функцијата за блендирање се користи
предолго или ако има премногу состојки во бокалот� Ако заштитата од прегревање го
исклучи уредот за време на користењето, поставете го тркалцето за контрола на 0 и
оставете го уредот да се олади неколку минути� Потоа можете повторно да го
користите уредот�
Електромагнетни полиња (EMF)
Овој уред од Philips е усогласен со сите важечки стандарди и прописи што се
однесуваат на изложеноста на електромагнетни полиња�
Вовед
Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За да ја искористите
целосната поддршка што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Овој комбиниран уред за готвење на пареа и блендирање е особено погоден за
подготовка на мали количини бебешка храна� Комбинираниот уред за готвење на
пареа и блендирање им овозможува на родителите да подготват свежи оброци за
своите бебиња со едноставна функција за готвење на пареа и блендирање во еден
уред�










