User Manual
Table Of Contents
- 5 -
- Овој уред е наменет само за употреба во домаќинства� Ако
уредот се користи неправилно, ако се користи за
професионални или полупрофесионални цели или ако не
се користи во согласност со упатствата во прирачникот за
корисници, гаранцијата ќе биде поништена и Philips нема
да прифати одговорност за настанатата штета�
- Бидете внимателни кога сипувате врела течност во садот,
бидејќи врелата течност и пареата може да прскаат и да
предизвикаат изгореници�
- Оставете уредот да се олади 10 минути пред да започнете
да готвите нова количина состојки на пареа�
- Уредот не е наменет за сечкање тврди состојки како коцки
мраз и коцки шеќер�
- Уредот не смее да блендира подолго од 30 секунди без
прекин� Ако не завршите со блендирањето по 30 секунди,
исклучете го уредот и почекајте неколку секунди пред да
продолжите� Ако уредот се загрее, почекајте да се олади
неколку минути пред да продолжите�
- Ставете го уредот на стабилна, хоризонтална и рамна
површина� Околу уредот треба да има доволно слободен
простор за да се спречи оштетување на шкафчињата или
други предмети, бидејќи уредот испушта врела пареа при
користењето�
- Немојте да го користите уредот ако паднал или ако има
некакво оштетување� Однесете го на поправка во овластен
сервисен центар на Philips�
- Никогаш немојте да ставате вода, други течности или
блендирана храна во бокалот за готвење на пареа за да
избегнете оштетување на уредот�
- Кога готвите состојки на пареа, внимавајте да не го
преполните бокалот� Горниот раб на зелената единица со
сечила не смее да биде покриен со храна�
- Кога блендирате течности, немојте да ја надминувате
ознаката за максимално ниво на бокалот (450ml)�
- Немојте да ставате никакви предмети во отворот за
полнење или отворот за пареа�










