operation manual

Table Of Contents
Чекор 3: Дезинфицирање
Потребни материјали:
-
Тенџере
-
Вода за пиење
Внимание: За време на стерилизирањето со вриење во вода, внимавајте шишето
и другите делови да не ги допираат ѕидовите на садот. Тоа може да предизвика
неповратни деформации на производот или оштетувања за кои Philips не е
одговорен.
5 min.
1. Наполнете тенџере
со доволно вода за да
ги покрие сите делови
и ставете ги сите
делови во тенџерето.
Оставете водата да
врие 5минути.
Осигурете се дека
деловите не го
допираат страничниот
дел од тенџерето.
2. Оставете водата да
се излади.
3. Нежно отстранете ги
деловите од водата.
Ставете ги деловите на
чиста површина/крпа
или решетка за
сушење садови за да
се исушат на воздух.
4. Чувајте ги сувите
предмети во чист, сув и
покриен сад.
Користење на пумпата за измолзување
Големина на перниче
Единечната/двојната електрична пумпа за измолзување Premium од Philips Avent има меко,
активно перниче. Тоа нежно ја стимулира вашата брадавица за да предизвика проток на млеко.
Ова перниче е направено од флексибилен силикон што се приспособува на 99,98% од жените
и одговара на големини на брадавиците до 30mm.
Полнење на пумпата за измолзување
Целосно наполнете ја батеријата пред првото користење на пумпата за измолзување и кога
батеријата е слаба. За целосно полнење на батеријата потребни се до 4часа.
186
Македонски