operation manual

Table Of Contents
Македонски
Содржина
Вовед ________________________________________________________________________________________________ 179
Општ опис ___________________________________________________________________________________________ 180
Предвидена намена ________________________________________________________________________________ 180
Важни безбедносни информации_________________________________________________________________ 180
Пред првата употреба______________________________________________________________________________ 183
Чистење и дезинфицирање ________________________________________________________________________ 183
Користење на пумпата за измолзување __________________________________________________________ 186
Давање мајчино млеко со шишето _______________________________________________________________ 195
Компатибилност_____________________________________________________________________________________ 197
Нарачување додатоци______________________________________________________________________________ 197
Рециклирање________________________________________________________________________________________ 198
Упатства за отстранување на батеријата _________________________________________________________ 198
Гаранција и поддршка _____________________________________________________________________________ 199
Решавање проблеми _______________________________________________________________________________ 199
Дополнителни информации _______________________________________________________________________ 201
Услови за чување ___________________________________________________________________________________ 202
Електромагнетни полиња (EMF)___________________________________________________________________ 202
Технички информации______________________________________________________________________________ 202
Објаснување на симболите ________________________________________________________________________ 204
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите
поддршката што ја нуди Philips Avent, регистрирајте ја вашата пумпа за измолзување на
www.philips.com/welcome.
Единечната/двојната електрична пумпа за измолзување Premium од Philips Avent е
инспирирана од бебињата и од нивното природно движење додека смукаат. Мекото
силиконско перниче ја стимулира брадавицата со нежни масирачки движења, што ви помага
удобно и ефикасно да го измолзете млекото. Комбинацијата од смукање и стимулација на
брадавицата предизвикува брз проток на млеко. Дизајнот за ненавалување нанапред ви
овозможува да седите во опуштена, исправена положба додека измолзувате.
Здравствените работници и Светската здравствена организација го препорачуваат мајчиното
млеко како примарен извор на исхрана во првата година од животот, во комбинација со цврста
храна по првите 6 месеци. Тоа е така затоа што вашето мајчино млеко е специјално
приспособено за потребите на вашето бебе и помага да го заштитите вашето бебе од
инфекции и алергии. За да доите подолго, можете да го измолзите и чувате млекото, така што
вашето бебе ќе може да ги ужива придобивките од него, дури и ако не можете да бидете таму
за да му го дадете самата. Бидејќи пумпата е компактна, тивка и дискретна за употреба, можете
да ја понесете секаде, овозможувајќи ви да измолзите млеко кога вам ви одговара и да ја
одржувате продукцијата на млекото.
Ако со доењето нема проблеми, се препорачува (освен ако поинаку не е препорачано од
вашиот здравствен работник) да почекате додека не се воспостави продукција на млекото и
распоред на доењето (обично најмалку 2 до 4 недели после породувањето) пред да почнете со
измолзувањето.
179
Македонски
Македонски