User Guide
Table Of Contents
- 37 -
РАБОТНО ВРЕМЕ / ОПСЕГ
Времето на
функционирање
на уредот за
родителот треба
да трае до12часа.
Зошто времето на
функционирање на
мојот уред за родителот
е пократко?
Светлината на сликата на екранот кај уредот за родителот може
е поставена на премногу високо ниво, што значи дека уредот за
родителот троши многу енергија. Намалете ја светлината кај уредот
за родителот.
Уредот за родителот троши многу енергија кога видеото на екранот
се прикажува континуирано. Активирајте го режимот Audio, Vox или
Eco во менито на уредот за родителот за да го зголемите времето
на функционирање (погледнете го поглавјето „Функции“, деловите
„Режим Audio“, „Режим Vox“ или „Режим Eco“).
Јачината на звукот на уредот за родителот може е поставена
на премногу високо ниво, што значи дека уредот за родителот
троши многу енергија. Намалете ја јачината на звукот кај уредот за
родителот.
Како и кај сите други електронски уреди што се полнат, така и
капацитетот на батеријата на овој производ се намалува по долг
период на користење.
ПРИКАЗ НА ВИДЕО
Прашање Одговор
Зошто добивам пречки
на уредот за родителот?
Зошто приказот на
видеото кај уредот за
родителот трепери?
Можно е да настанат пречки кога уредот за родителот е надвор од
опсегот на уредот за бебето. Пречки може да настанат и ако има
премногу ѕидови или тавани помеѓу уредот за родителот и уредот
за бебето или кога се вклучени други безжични уреди што користат
фреквенција од 2,4 GHz (на пр., микробранова печка, Wi-Fi-рутер).
Доколку користите повеќе од 2 комплети монитори за бебе, можно
е да настанат пречки. Користете ги тие 2 комплети монитори за бебе
на колку што е можно поголемо меѓусебно растојание, идеално во
посебни простории.
Ставете го уредот за родителот на друго место, поблиску до уредот
за бебето или, пак исклучете ги другите безжични уреди.
Батеријата на полнење на уредот за родителот може треба да се
наполни.
Зошто не се прикажува
слика на екранот за
видео кога индикаторот
за поврзување свети во
зелена боја?
Уредот за родителот можеби е во режимот Audio, Vox или Eco.
Притиснете го копчето за режим што е поставено на десната страна
на уредот за родителот за да го смените режимот (погледнете го
делот „Режими“).










