User Guide
Table Of Contents
- 36 -
ШУМ/ЗВУК
Зошто уредот за
родителот репродуцира
звук на зуење?
Можно е да настанат пречки кога уредот за родителот е надвор од
опсегот на уредот за бебето. Пречки може да настанат и ако има
премногу ѕидови или тавани помеѓу уредот за родителот и уредот
за бебето или кога се вклучени други безжични уреди што користат
фреквенција од 2,4 GHz (на пр., микробранова печка, Wi-Fi-рутер).
Ставете го уредот за родителот на друго место, поблиску до уредот
за бебето или, пак исклучете ги другите безжични уреди.
Ако овој одговор не ви помогна, тогаш прочитајте ги во делот за
често поставувани прашања „Зошто уредот за родителот и/или
уредот за бебетосоздаваат високофреквентен шум?“
Колку долго ќе се
емитува смирувачкиот
звук од уредот за
бебето?
Откако ќе изберете смирувачки звук, тој постојано ќе се повторува
приближно 15 минути. Во случај да сакате да ги пуштите сите
приспивни песни што се достапни, изберете Сите приспивни песни.
Како можам да ја
зголемам јачината на
смирувачкиот звук?
Јачината на смирувачкиот звук може да ја прилагодите на уредот
за родителот, а не на уредот за бебето. Притиснете го копчето за
смирувачки звук на уредот за родителот за да го отворите менито за
смирувачки звук и да ја прилагодите јачината на звукот.
РАБОТНО ВРЕМЕ / ОПСЕГ
Прашање Одговор
Зошто мојот монитор за
бебе работи на многу
помало растојание
отколку што е наведено
во ова упатство за
користење?
Наведениот работен опсег од 300 метри важи само за отворени
места со директна видливост помеѓу двата дела без пречки. Во
зависност од опкружувањето и другите фактори што предизвикуваат
пречки, работниот опсег може да биде помал (погледнете ја
табелата во поглавјето „Позиционирање на мониторот за бебе“).
Во вашиот дом, работниот опсег достигнува до 50 метри, што е
дополнително ограничен од бројот и видот на ѕидовите и/или
таваните помеѓу уредот за родителот и уредот за бебето.










