User Guide
Table Of Contents
- 35 -
ШУМ/ЗВУК
Прашање Одговор
Зошто уредот за
родителот и/или уредот
за бебетосоздаваат
високофреквентен
шум?
Можно е уредот за родителот и уредот за бебето да се на премногу
кратко меѓусебно растојание. Погрижете се уредот за родителот
и уредот за бебето да бидат на меѓусебно растојание од најмалку
2,5метри.
Можно е јачината на звукот кај уредот за родителот да е поставена
на премногу високо ниво. Намалете ја јачината на звукот кај уредот
за родителот.
Причините за репродукција на звучни сигнали од уредот за
родителот може да ги погледнете во делот за често поставувани
прашања „Зошто уредот за родителот генерира звучен сигнал?“
Како можам да го
исклучам звукот?
Исклучете го звукот на уредот со притиснување на долниот дел
на копчето за контрола. Кога лентата за јачина на звукот што се
прикажува на екранот е потполно празна, тогаш звукот е исклучен.
Зошто не слушам звук?
Зошто не го слушам
бебето дека плаче?
Зошто има само
делумен пренос на
звукот, а не целосен?
Можно е јачината на звукот кај уредот за родителот да е поставена
на премногу ниско ниво или можеби е исклучен звукот. Притиснете
го горниот дел од копчето за контрола за да ја зголемите јачината на
звукот.
Можно е да е исклучен звукот на уредот за родителот, па затоа
вклучете го звукот на уредот со притиснување на горниот дел на
копчето за контрола и прилагодете ја јачината на звукот.
Чувствителноста е поставена на премногу ниско ниво, прилагодете
ја чувствителноста на повисоко ниво во менито на уредот за
родителот.
Можно е уредот за бебето да е премногу оддалечен од вашето
бебе. Уредот за бебето не треба да биде оддалечен од вашето бебе
повеќе од 1,5 метри за оптимално откривање на звуците. Ако е
поставен на растојание помало од 1 метар, опасноста од задавување
е поголема.
Зошто уредот за
родителот реагираа
премногу брзо на
други звуци наместо на
звуците од моето бебе?
Уредот за бебето ги открива и другите звуци покрај звуците од
вашето бебе. Приближете го уредот за бебето до бебето (но,
запазете го минималното растојание од 1метар).
Нивото на чувствителност може е поставено на премногу високо
ниво. Ако вашето бебе испушта тивки звуци, тогаш чувствителноста
треба да се постави на повисоко ниво. Меѓутоа, колку погласни
звуци испушта вашето бебе, толку пониска чувствителност може да
поставите. Чувствителноста на вашиот монитор за бебе може да ја
промените во менито на уредот за родителот.










