User Guide
Table Of Contents
- 31 -
Отстранување на вградена батерија на полнење
Вградената батерија на полнење мора да се отстранува само од
страна на квалификуван професионалец кога се фрла производот.
Пред да ја отстранувате батеријата, проверете дали уредот е
исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно празна.
Забелешка: Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост
кога ракувате со алати за отворање на уредот и кога ја фрлате
батеријата на полнење.
Забелешка: Кога ракувате со батериите, не заборавајте дека
вашите раце, производот и батериите треба да бидат суви.
Забелешка: За да избегнете ненамерен краток спој на батериите
откако ќе ги отстраните, не дозволувајте приклучните контакти
на батериите да дојдат во допир со метални предмети (на пр.
монети, шноли, прстени). Немојте да ги виткате батериите во
алуминиумска фолија. Ставете селотејп врз приклучните контакти
на батериите или ставете ги батериите во пластично ќесе пред да
ги фрлите.
Процедура:
1 Отстранете ги 2-те гумени ногалки на долната страна на уредот за
родителот.
2 Отстранете ги 2-те завртки што сега се видливи на долната страна
на уредот за родителот.
3 Отстранете ги 2-те завртки до ознаката за рејтинг, ослободете
ја штипката за ремен и отворете го капакот за батеријата со
лизгање.
4 Исклучете го кабелот што е поврзан со батеријата (кабел во црна-
бела-црвена боја).
5 Отстранете ја батеријата.
Ако во вашата земја нема систем за собирање/рециклирање
електронски производи, тогаш може да ја заштитите животната
средина со отстранување и рециклирање на батеријата пред да го
фрлите производот.
Поддршка
За целата поддршка за производот, одете на
www.philips.com/support.










