User Guide
Table Of Contents
- 22 -
2 Користете го копчето за контрола за да се движите низ менито.
Избраната ставка на менито е означена со виолетова боја.
Забелешка: ако веќе се наоѓате во едно од подменијата и сакате
да се префрлите на друга функција во менито, притиснете го
левиот дел од копчето за контрола за да се вратите во главното
мени.
3 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за
да се движите низ различните ставки на менито.
Кога се движите низ функциите на менито и не сакате да ги
зачувате промените, притиснете го копчето за мени. Ќе излезете
од менито без да ги менувате поставките.
Забелешка: ако се наоѓате во менито, но не притиснете копче
во рок од 5 секунди, менито ќе се затвори без да се зачуваат
променетите поставки.
Зумирање
1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да го
отворите менито за зумирање.
2 Притиснете го долниот дел на копчето за контрола за да ја
изберете опцијата за зумирање.
3 За да ја прилагодите видеосликата, притиснете го десниот дел на
копчето за контрола. Можете да го користите горниот/долниот/
десниот/левиот дел на копчето за контрола за да изберете која
слика ќе се прикаже на уредот за родителот.
4 Притиснете го копчето за мени за да ја зачувате новата поставка.
Сликата автоматски се зачувува по 5 секунди.
5 Одете во менито за зумирање и исклучете ја функцијата за
зумирање ако сакате да ја одзумирате сликата на уредот за
родителот.
Eco 20.5 °C17:00
3
Zoom
Off
2X
4X
Eco 20.5 °C17:00
3
Zoom
Off
2X
4X
Pan
Eco 20.5 °C17:00
3
Back










