User Guide

- 21 -
15 min
Најновиот избран смирувачки звук на уредот за родителот
почнува да се емитува на уредот за бебето и се повторува
постојано приближно 15 минути. За да го сопрете смирувачкиот
звук на уредот за бебето, притиснете го копчето за вклучување/
исклучување на смирувачкиот звук на уредот за бебето.
Разговор
Користете го копчето за разговор за да разговарате со вашето бебе.
1 Притиснете го и задржете го копчето за разговор кај уредот за
родителот.
2 Зборувајте јасно во микрофонот на предната страна од уредот за
родителот на оддалеченост од 15 – 30 cm.
Сè додека го притискате копчето за разговор, врската за звук
со уредот за бебето ќе биде отворена. На екранот на уредот за
родителот ќе се прикаже иконата за разговор што укажува дека
врската е активна.
3 Отпуштете го копчето за разговор кога ќе завршите со
зборувањето.
Забелешка: Додека е притиснато копчето за разговор, уредот за
родителот не може да прима звуци од единицата за бебето и сите
смирувачки звуци што се емитуваат ќе бидат сопрени. Сепак, по
отпуштање на копчето за разговор, смирувачкиот звук, ако веќе е
вклучен, ќе продолжи да се емитува.
Функции на менито
Сите функции опишани во следните делови може да се управуваат
преку менито на уредот за родителот.
1 Притиснете го копчето за мени за да го отворите менито.
Забелешка: ако го притиснете копчето за мени уште еднаш,
менито ќе се затвори.
1