User Guide

- 18 -
Кога уредот за бебето ќе забележи звук, екранот и звукот на
уредот за родителот ќе се вклучат веднаш, Звуците се пренесуваат
до уредот за родителот и индикаторите за ниво на звук ќе
почнат да светат во зелена боја. Сè додека нема никаков звук,
индикаторите за ниво на звук ќе бидат исклучени.
Забелешка: минималното ниво на звук што ги активира звукот и
екранот се дефинира во поставките за чувствителност.
Ноќно светло
1 Притиснете го копчето за вклучување/исклучување на ноќното
светло на уредот за бебето за да го вклучите ноќното светло.
Ќе се вклучи ноќното светло на уредот за бебето.
Забелешка: не можете да го контролирате ноќното светло од
уредот за родителот. Ноќното светло можете да го вклучите или
исклучите само на уредот за бебето.
2 Повторно притиснете го копчето за вклучување/исклучување на
ноќното светло за да го исклучите ноќното светло.
Eco 20.5 °C17:00