User Guide

- 17 -
Режим Vox
1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на
уредот за родителот за да преминете во режимот Vox.
Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим се
прикажува во лентата за статус. Лентата за статус не е видлива
кога е исклучен екранот.
Кога ќе го активирате режимот Vox, екранот и звукот кај уредот за
родителот ќе се исклучат доколку не се открие звук во период од
20 секунди.
Кога уредот за бебето ќе забележи звук, екранот и звукот на
уредот за родителот ќе се вклучат веднаш, Звуците се пренесуваат
до уредот за родителот и индикаторите за ниво на звук ќе
почнат да светат во зелена боја. Сè додека нема никаков звук,
индикаторите за ниво на звук ќе бидат исклучени.
Забелешка: минималното ниво на звук што ги активира звукот и
екранот се дефинира во поставките за чувствителност.
Режим Eco
1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на
уредот за родителот за да преминете во режимот Eco.
Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим е видлив
во лентата за статус. Лентата за статус не е видлива кога е
исклучен екранот.
Кога ќе го активирате режимот Eco, екранот и звукот кај уредот
за родителот ќе се исклучат ако не се открие звук во период од
20секунди. ИндикаторотEco ќе почне да свети во зелена боја
за да посочи дека режимот Eco е активиран. Додека е активен
режимот Eco, преносите на слика и звук се оневозможени.
Vox
17:00
20.5 °C
Vox
Video 20.5 °C17:00
Eco
17:00
20.5 °C
Eco
eco