User Guide
Table Of Contents
- 16 -
Ако вашето бебе заплаче, индикаторите за ниво на звук ќе почнат да
светат во зелена боја. Сè додека нема никаков звук, индикаторите за
ниво на звук ќе бидат исклучени.
Режим Audio
1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на
уредот за родителот за да преминете во режимот Audio.
Кога ќе го активирате режимот Audio, екранот на уредот за
родителот ќе се исклучи. По 3 секунди, екранот ќе се исклучи
целосно и лентата за статус ќе исчезне.
Забелешка: Лентата за статус не е видлива кога е исклучен
екранот.
Забелешка: Индикаторот за поврзување посочува дека уредот за
родителот сè уште е вклучен и поврзан со уредот за бебето.
Забелешка: кога нивото на чувствителност не е поставено на
„многу високо“, тивките звуци нема да се пренесат.
Забелешка: поставете го нивото на чувствителност на „многу
високо“ за да добивате континуиран звук преку уредот за
родителот. Погледнете го делот „Чувствителност“ за повеќе
информации.
Сите звуци се пренесуваат континуирано до уредот за родителот.
Ако вашето бебе заплаче, екранот на уредот за родителот ќе
остане исклучен, но индикаторите за ниво на звук ќе почнат да
светат во зелена боја и звуците што ќе ги открие уредот за бебето
ќе се пренесат директно до уредот за родителот. Сè додека нема
никаков звук, индикаторите за ниво на звук ќе бидат исклучени.
Video 20.5 °C17:00
Audio
17:00
20.5 °C
Audio










