User Guide
Table Of Contents
- 12 -
2 Ставете го уредот за родителот во рамките на работниот опсег
на уредот за бебето. Погрижете се да биде оддалечен најмалку
2,5метри од уредот за бебето за да избегнете повратен акустичен
сигнал.
Забелешка: ако користите безжичен телефон, безжичен уред
за видео, Wi-Fi-мрежа, микробранова печка или Bluetooth на
фреквенција од 2,4GHz и се појават пречки или кај уредот
за родителот или кај уредот за бебето, тогаш треба да го
поместувате уредот за родителот сè додека не се изгубат
пречките.
3 Има два начини за позиционирање на уредот за бебето:
a Ставете го уредот за бебето врз стабилна, нивелирана и
хоризонтална површина.
b Монтирајте го уредот за бебето на ѕид со помош на завртки.
Совет: шаблонот за монтирање на уредот за бебето на ѕид
(погледнете „Монтирање на ѕид“) може да го најдете на крајот од
ова упатство за користење.
Совет: искористете го испорачаниот шаблон за точно
обележување на локацијата на отворите за завртки на ѕидот.
Совет: ставете го уредот за бебето на повисоко ниво за да
добиете подобра прегледност на креветчето или оградениот
простор за игра на бебето.
4 Прилагодете го уредот за бебето на начин на кој ќе имате
најдобра видливост на вашето бебе. Уредот за бебето може да се
ротира за да го позиционирате во саканата положба.
>2.5m/8.2ft










