User Guide
Table Of Contents
- 11 -
Екранот ќе се вклучи и ќе прикаже слика за поврзување, а
индикаторот за поврзување ќе почне да свети во црвена боја.
Уредот за родителот ќе почне да го бара уредот за бебето.
Кога уредот за родителот ќе се поврзе со уредот за бебето,
индикаторот за поврзување на уредот за родителот ќе почне да
свети во зелена боја и на екранот ќе се прикажат една или повеќе
ленти.
Забелешка: потребно е помалку од 10 секунди за да се
воспостави врска помеѓу уредот за родителот и уредот за бебето.
Кога уредот за бебето е исклучен, уредот за родителот ќе ја
прикаже сликата за надвор од опсег. Проверете дали е вклучен
уредот за бебето.
Ако не се воспостави врска, тогаш индикаторот за поврзување ќе
почне да свети во црвена боја, уредот за родителот ќе генерира
звучен сигнал на секои 20 секунди и на екранот ќе се прикаже
сликата за надвор од опсег.
Позиционирање на мониторот за бебе
Предупредување: кабелот на уредот за бебето претставува
потенцијална опасност од задавување. Погрижете се уредот за
бебето и неговиот кабел да бидат оддалечени од вашето бебе
најмалку 1 метар. Никогаш не го ставајте мониторот за бебето
во неговото креветче или неговиот ограден простор за игра.
1 За оптимално откривање на звуците, уредот за бебето не треба
да биде поставен подалеку од 1,5 метар од бебето. Погрижете
се уредот за бебето да биде поставен на растојание од најмалку
1метар од бебето поради потенцијалната опасност од
задавување.
1-1.5m/3.5 -5ft










