SCD891 Упатство за користење
Содржина Вовед ����������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 4 Општ опис ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������������� 4 Важни безбедносни информации ���������������������������������������������������������������������������� 5 ВАЖНО ������������������������������������������������������������������������������������������������������������������
1 16 2 3 15 4 14 5 6 17 7 13 8 9 10 11 12 31 26 18 19 20 21 22 25 24 27 30 23 28 29
Вовед Општ опис Ви честитаме за купувањето и добре дојдовте во Philips Avent! За целосно да ја искористите поддршката што ја нуди Philips Avent, регистрирајте го вашиот производ на www.philips.com/welcome. Видео-мониторот за бебе Philips Avent ви нуди континуирана поддршка и ви овозможува да го гледате вашето бебе и дење и ноќе од секоја соба во куќата. Најновата дигитална технологија гарантира јасен звук и најостра слика од вашето бебе.
Важни безбедносни информации Внимателно прочитајте ги овие важни информации пред да го користите апаратот и зачувајте ги за во иднина. ВАЖНО Овој монитор за бебе е предвиден да се користи како помошен уред. Тој не е замена за одговорен и правилен надзор од страна на возрасни лица и никогаш не треба да се користи како таков. Никогаш не го оставајте вашето бебе само во домот. Погрижете се секогаш да има некој покрај бебето кој ќе се грижи за него и за неговите потреби.
- - Заштитете го кабелот за напојување за да не се гази врз него или да не биде приклештен, особено кај приклучокот, штекерот и местото каде што излегува од уредот. Поставете го мониторот за бебе на начин на кој неговиот кабел нема да пречи на некој влез или премин. Ако го ставите мониторот за бебе на маса или ниска комода, не дозволувајте кабелот за напојување да виси од работ на масата или комодата. Не го оставајте кабелот на подот каде што ќе претставува ризик од сопнување.
Внимание - Не го ставајте уредот покрај извори на топлина како што се радијатори, отвори за централно греење, рингли или други апарати (вклучувајќи и засилувачи) што генерираат топлина. Рацете треба да ви бидат суви кога ракувате со адаптери, приклучоци и кабли за напојување. Сите потребни ознаки на уредот за бебето, уредот за родителот и адаптерот за напојување се поставени на долната страна на уредот за бебето, уредот за родителот и адаптерот за напојување.
Подготовка за употреба Дел за бебето Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за бебето и ставете го адаптерот во штекер. Уред за родителот Уредот за родителот се напојува од литиум-јонска батерија на полнење. Следете ги чекорите подолу за да го наполните уредот за родителот: Поврзете го адаптерот за напојување со уредот за родителот и ставете го адаптерот во штекер. Индикаторот за статус на батеријата ќе почне да свети во портокалова боја за да посочи дека уредот се полни.
eco 3 hr Ако го полните уредот за родителот 3 часа, потоа ќе можете да го користите безжично прибл. 12 часа во режимот Eco. Ако уредот за родителот се вклучи за време на полнењето, тогаш полнењето ќе трае приближно двојно подолго. = 12 hr Кога батеријата на полнење во уредот за родителот е речиси празна, индикаторот за статус на батеријата почнува да свети во црвена боја и се генерира звук од уредот за родителот.
Користење на мониторот за бебе Поврзување на уредот за родителот со уредот за бебето 1 Придвижете го нагоре лизгачот за вклучување/исклучување на уредот за бебето во положбата ВКЛУЧЕНО. 2 Кога уредот за бебето е вклучен, индикаторот за напојување кај уредот за бебето ќе почне да свети во зелена боја. Забелешка: индикаторот за напојување кај уредот за бебето секогаш свети во зелена боја, дури и кога не е поврзан со уредот за родителот. >2 .5 8.
Екранот ќе се вклучи и ќе прикаже слика за поврзување, а индикаторот за поврзување ќе почне да свети во црвена боја. Уредот за родителот ќе почне да го бара уредот за бебето. Кога уредот за родителот ќе се поврзе со уредот за бебето, индикаторот за поврзување на уредот за родителот ќе почне да свети во зелена боја и на екранот ќе се прикажат една или повеќе ленти. Забелешка: потребно е помалку од 10 секунди за да се воспостави врска помеѓу уредот за родителот и уредот за бебето.
>2 .5 8. m/ 2ft 2 Ставете го уредот за родителот во рамките на работниот опсег на уредот за бебето. Погрижете се да биде оддалечен најмалку 2,5 метри од уредот за бебето за да избегнете повратен акустичен сигнал.
Работен опсег <50m/165ft Максималниот работен опсег е 50 метри во затворени простории и 300 метри на отворено. Работниот опсег на уредот за бебето е различен во зависност од опкружувањето и факторите што предизвикуваат пречки. Мокрите и важните материјали предизвикуваат толку многу пречки што намалувањето на опсегот може да достигне до 100 %.
Светлина Можете да ги прилагодите светлината на екранот и светлата на уредот за родителот на ниво по ваша желба. 1 Притиснете на левиот или десниот дел од копчето за контрола за да ја прилагодите светлината. Ова ќе ги прилагоди и светлината на екранот, и светлата на уредот за родителот истовремено. 17:00 20.5 °C 17:00 20.5 °C Лентата за светлина ќе се појави на екранот за да ја прикаже избраната светлина. Постојат пет нивоа на светлина на лентата за светлина. Екранот има пет нивоа на светлина.
17:00 Eco 20.5 °C Кога уредот за бебето ќе регистрира звук, еден или повеќе индикатори за нивото на звук на уредот за родителот ќе почнат да светат во зелена боја. Бројот на индикатори што ќе се вклучат зависи од гласноста што ја регистрира уредот за бебето. Колку погласно плаче бебето толку повеќе индикатори за ниво на звук ќе почнат да светат во зелена боја.
17:00 Video 20.5 °C Ако вашето бебе заплаче, индикаторите за ниво на звук ќе почнат да светат во зелена боја. Сè додека нема никаков звук, индикаторите за ниво на звук ќе бидат исклучени. Режим Audio 17:00 Audio 20.5 °C Audio 1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на уредот за родителот за да преминете во режимот Audio. Кога ќе го активирате режимот Audio, екранот на уредот за родителот ќе се исклучи. По 3 секунди, екранот ќе се исклучи целосно и лентата за статус ќе исчезне.
Режим Vox 17:00 Vox 1 Притиснете го копчето за режим што е поставено странично на уредот за родителот за да преминете во режимот Vox. Забелешка: кога екранот е вклучен, избраниот режим се прикажува во лентата за статус. Лентата за статус не е видлива кога е исклучен екранот. 20.5 °C Vox Кога ќе го активирате режимот Vox, екранот и звукот кај уредот за родителот ќе се исклучат доколку не се открие звук во период од 20 секунди. 17:00 Video 20.
17:00 Eco 20.5 °C Кога уредот за бебето ќе забележи звук, екранот и звукот на уредот за родителот ќе се вклучат веднаш, Звуците се пренесуваат до уредот за родителот и индикаторите за ниво на звук ќе почнат да светат во зелена боја. Сè додека нема никаков звук, индикаторите за ниво на звук ќе бидат исклучени. Забелешка: минималното ниво на звук што ги активира звукот и екранот се дефинира во поставките за чувствителност.
Смирувачки звуци Можете да ја активирате функцијата за смирувачки звук или од уредот за родителот, или од уредот за бебето. За да ја активирате функцијата за смирувачки звук од уредот за родителот, следете ги инструкциите подолу: Избор на смирувачки звук 1 Притиснете го копчето за смирувачки звук на уредот за родителот за да го отворите менито за смирувачки звуци. Забелешка: Ако го притиснете копчето за смирувачки звук додека менито за смирувачки звук веќе е отворено, тоа ќе го затвори менито.
15 min 17:00 Video 3 20.5 °C Soothing Sounds 1 Rock-a-Bye Baby 2 Twinkle, Twinkle 3 Hush, Little Baby 4 Brahm’s Lullaby 5 Female-shh 6 White-noise 7 All lullabies Смирувачкиот звук почнува да се репродуцира на уредот за бебето и се повторува континуирано приближно 15 минути. Совет: За да ги повторите сите приспивни песни што се достапни, изберете Сите приспивни песни во листата.
15 min Разговор Најновиот избран смирувачки звук на уредот за родителот почнува да се емитува на уредот за бебето и се повторува постојано приближно 15 минути. За да го сопрете смирувачкиот звук на уредот за бебето, притиснете го копчето за вклучување/ исклучување на смирувачкиот звук на уредот за бебето. Користете го копчето за разговор за да разговарате со вашето бебе. 1 Притиснете го и задржете го копчето за разговор кај уредот за родителот.
2 Користете го копчето за контрола за да се движите низ менито. Избраната ставка на менито е означена со виолетова боја. Забелешка: ако веќе се наоѓате во едно од подменијата и сакате да се префрлите на друга функција во менито, притиснете го левиот дел од копчето за контрола за да се вратите во главното мени. 3 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да се движите низ различните ставки на менито.
Чувствителност Нивото на чувствителност на уредот за бебето одредува што ќе слушате преку уредот за родителот. Ако поставите високо ниво, тогаш ќе слушате многу звуци, вклучувајќи ги и тивките звуци во заднина. Ако поставите ниско ниво на чувствителност, тогаш ќе ги слушате само погласните звуци. 17:00 3 Video 20.5 °C Sensitivity Low 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да пристапите до нивоата на чувствителност.
Вибрација 17:00 Video 3 20.5 °C Vibrate On if audio is muted Always on 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да пристапите до опциите за вибрација. Off 2 Има три опции за вибрација: 17:00 Video 3 20.5 °C Vibrate On if audio is muted Always on Off a „On if audio is muted“ (Вклучено ако е исклучен звукот): кога јачината на звукот е поставена на минимум (исклучено), уредот за родителот ќе вибрира кога ќе се открие звук од уредот за бебето и над нивото на чувствителност.
Температура 17:00 3 Video Сензорот за температура ви овозможува да ја следите температурата во бебешката соба. Забелешка: тековната температура во бебешката соба се прикажува во лентата за статус на уредот за родителот. 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да пристапите до опциите за температура. Совет: единицата за температура можете да ја промените од C (Целзиус) на F (Фаренхајт) со избирање на опцијата за единица.
17:00 Video 3 28 °C 5 Уредот за родителот го прикажува ова предупредување кога избраните температури ќе се измерат или надминат. Јазик 17:00 Video 3 20.5 °C Language Deutsch 1 Притиснете го десниот дел на копчето за контрола за да ја отворите листата со јазици. 2 Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да го изберете саканиот јазик. English Francais Italiano Nederlands Norsk 17:00 Video 3 20.
17:00 3 Video 20.5 °C Setting Format 24-hour Time 17:00 hh:mm Можете да го смените времето со притискање на десниот дел од копчето за контрола за да влезете во опцијата за Поставки за време. Firmware License 17:00 3 Eco 20.5 °C Time 16 59 17 : 00 18 01 OK 17:00 Video 3 1 Притиснете го левиот дел на копчето за контрола за да поставите час и десниот дел на копчето за контрола за да поставите минути. Притиснете го горниот или долниот дел на копчето за контрола за да го изберете времето.
17:00 Video 3 20.5 °C License Written offer, Acknowledgments and License Text for any open source software used in this 2 Екранот ги прикажува информациите за лиценцата на вашиот монитор за бебе. product *************************** ======================== OPEN SOURCE SOFTWARE USED OK Штипка за на ремен Уредот за родителот може да го носите со вас во целата куќа и надвор од неа доколку го прикачите на вашиот ремен или појас со помош на штипката за на ремен.
1 Исклучете го уредот за бебето, исклучете го адаптерот за напојување од уредот за бебето и отстранете го адаптерот за напојување од штекер. 2 Чистете го уредот за бебето со сува крпа. Забелешка: отпечатоците од прсти или нечистотиите врз леќата на уредот за бебето можат да влијаат врз перформансите на камерата. Избегнувајте да ја допирате леќата со прсти. 3 Исклучете го уредот за родителот, исклучете го адаптерот за напојување од уредот за родителот и отстранете го адаптерот за напојување од штекер.
Складирање Ако не планирате да го користите мониторот за бебе долг временски период, тогаш складирајте ги уредот за родителот, уредот за бебето и адаптерите на ладно и суво место. Нарачување додатоци За да купите додатоци или резервни делови, одете на www.philips.com/parts-and-accessories или одете кај вашиот продавач на производи од Philips. Можете да контактирате и со центарот за грижа на корисници на Philips во вашата земја (податоците за контакт ќе ги најдете во меѓународниот гарантен лист).
Отстранување на вградена батерија на полнење Вградената батерија на полнење мора да се отстранува само од страна на квалификуван професионалец кога се фрла производот. Пред да ја отстранувате батеријата, проверете дали уредот е исклучен од ѕидниот штекер и дали батеријата е целосно празна. Забелешка: Преземете ги сите неопходни мерки на претпазливост кога ракувате со алати за отворање на уредот и кога ја фрлате батеријата на полнење.
Често поставувани прашања Во ова поглавје се опишани најчестите проблеми со кои може да се соочите при користење на апаратот. Ако не можете да го решите проблемот со помош на информациите наведени подолу, одете на www.philips.com/support за да пронајдете листа на најчести прашања или обратете се на центарот за корисничка поддршка во вашата земја.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ Зошто времето на полнење на уредот за родителот може да надмине 3 часа? Уредот за родителот може да се вклучи за време на полнењето. Исклучете го уредот за родителот кога го полните за да се намали времето на полнење. Ако екранот на уредот за родителот е вклучен постојано, тогаш полнењето на уредот за родителот ќе трае подолго.
КАКО ДА ГИ КОРИСТИТЕ / ПОВРЗЕТЕ ДЕЛОВИТЕ Уредот за родителот не реагира, што треба да направам? Уредот за родителот може да го ресетирате со истовремено притискање на копчето за вклучување/исклучување и навигациското копче за надолу приближно 1 секунда. Уредот за родителот ќе се исклучи. За да повторно да го вклучите уредот за родителот, притиснете на копчето за вклучување/исклучување уште еднаш.
ШУМ/ЗВУК Прашање Одговор Зошто уредот за родителот и/или уредот за бебето создаваат високофреквентен шум? Можно е уредот за родителот и уредот за бебето да се на премногу кратко меѓусебно растојание. Погрижете се уредот за родителот и уредот за бебето да бидат на меѓусебно растојание од најмалку 2,5 метри. Можно е јачината на звукот кај уредот за родителот да е поставена на премногу високо ниво. Намалете ја јачината на звукот кај уредот за родителот.
ШУМ/ЗВУК Зошто уредот за Можно е да настанат пречки кога уредот за родителот е надвор од родителот репродуцира опсегот на уредот за бебето. Пречки може да настанат и ако има звук на зуење? премногу ѕидови или тавани помеѓу уредот за родителот и уредот за бебето или кога се вклучени други безжични уреди што користат фреквенција од 2,4 GHz (на пр., микробранова печка, Wi-Fi-рутер). Ставете го уредот за родителот на друго место, поблиску до уредот за бебето или, пак исклучете ги другите безжични уреди.
РАБОТНО ВРЕМЕ / ОПСЕГ Времето на функционирање на уредот за родителот треба да трае до 12 часа. Зошто времето на функционирање на мојот уред за родителот е пократко? Светлината на сликата на екранот кај уредот за родителот може е поставена на премногу високо ниво, што значи дека уредот за родителот троши многу енергија. Намалете ја светлината кај уредот за родителот. Уредот за родителот троши многу енергија кога видеото на екранот се прикажува континуирано.
ПРИКАЗ НА ВИДЕО Зошто сликата на екранот за видео не е јасна? Светлина на екранот може е поставена на премногу ниско ниво. Зголемете ја светлината на екранот на уредот за родителот со помош на копчето за контрола во центарот (погледнете во делот „Светлина“). Леќата на уредот за бебето може е валкана. Исчистете ја леќата со сува крпа. Можно е уредот за бебето да е премногу оддалечен од вашето бебе.
Монтирање на ѕид Упатства за печатење: Отпечатете ја оваа страница во размер од 100 % и искористете го шаблонот за прецизно обележување на положбата на отворите за завртките на ѕидот.
© 2023 Koninklijke Philips N.V. Сите права се задржани.