User Guide

- 9 -
Ако го полните уредот за родителот 3 часа, потоа ќе можете да го
користите безжично прибл. 12 часа во режимот Eco.
Ако уредот за родителот се вклучи за време на полнењето, тогаш
полнењето ќе трае приближно двојно подолго.
Кога батеријата на полнење во уредот за родителот е речиси празна,
индикаторот за статус на батеријата почнува да свети во црвена боја
и се генерира звук од уредот за родителот.
Ако батеријата е потполно празна и уредот за родителот не е
приклучен на струјната мрежа, тогаш уредот за родителот ќе се
исклучи автоматски и ќе ја прекине врската со уредот за бебето.
Забелешка: вградената батерија на полнење не може да се
отстрани од производот.
Забелешка: батеријата се празни постепено и многу бавно, дури
и кога уредот за родителот е исклучен.
Совет: за да заштедите енергија во батеријата, исклучете го
уредот за родителот кога не го користите.
Забелешка: ви препорачуваме да го оставите уредот за
родителот приклучен на струјната мрежа во текот на целата ноќ.
Ако батеријата во уредот за родителот достигне ниско ниво во
текот на ноќта, уредот за родителот ќе почне да генерира звучен
аларм што може да ве разбуди.
Обезбедување на безбедносни ажурирања
Ние постојано ја следиме безбедноста на софтверот што се користи
во производот. Доколку е потребно, безбедносните ажурирања ќе се
обезбедат преку ажурирања на софтверот. Ажурирања на софтверот
може да се обезбедат и за поправка на грешки и подобрувања на
перформансите или за воведување нови функции на производот.
Може да се обезбедат ажурирања на фирмверот на делот за бебето
и на делот за родителот. Ажурирањата се испраќаат безжично до
производот без употреба на специјални кабли или опрема.
Компанијата Philips ќе ги обезбеди потребните ажурирања во период
од најмалку две години по испораката на производот.
12 hr
=
3 hr
eco